Tuesday, October 20, 2015

„ГУГЛ“ ГИ ЗАМАТИ ФАШИСТИЧКИТЕ ЗНАМИЊА ВО БИТОЛА


Пред десеттина дена јавноста во Македонија, особено во Битола беше разбранувана, откако со опцијата „Гугл Стрит Вју“ виртуелно шетајќи низ Битола, во центарот на градот на улицата „Свети Кирил и Методиј“ можеа да се видат знамиња со кукаст крст.


Иако повеќето битолчани знаеја дека се работи за снимањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на Раде Шербеџија, не беше сеедно што другите ќе помислат кога ќе ги видат фашистичките знамиња развеани низ улиците низ Битола во 21 век. Реагираа не само битолчани, туку и останатите граѓани на Македонија, но и странците.

Реагираа и од Општина Битола. Оттаму велат дека со писмено барање се обратиле до „Гугл стрит вју“ од кој побарале снимката да биде отстранета, а им било одговорено дека барањето ќе биде разгледано. После многубројните ракции, „филмската замка“ „Гугл“ ја исправи. Пред неколку дена ги замагли знамињата, не може да се забележи што се наоѓа на нив.





Инаку луѓето можат дополнително да реагираат и да му пишат на „Гугл“ за да пријават евентуални пропусти заради заштита на идентитетот на луѓето или фактички корекции.

Извор: ТЕРА.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП