Wednesday, October 21, 2015

СЕ МЕНУВА АСФАЛТОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“


Погодните временски услови пред крајот на градежната сезона се користат за реализација на позиции од програмата за комунално уредување во Кавадарци. 


На улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци на потегот меѓу семафорите над гимназијата „Добри Даскалов“ се изведуваат активности за отстранување на оштетениот асвалт со гребење.

Се работи за потегот меѓу двете раскрсници во должина од 130 метри. Работите за отстранување на стариот асвалт ги изведува оперативата на „Урбан инвест“. 

Вкупната вредност на реновирањето на овој потег од улицата ќе изнесува 1,2 милиони денари, а е дел од програмата за комунлно уредување за 2015 година.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП