„Нашата болница секогаш има потреба од нови апарати. Овој пат, апаратите за хигена што ни ги овозможија Жито Маркети и Кожувчанка, потпомогнати од граѓаните, ќе ни бидат од голема корист имајќи предвид дека во ваква установа како нашата, хигената секогаш треба да биде на високо ниво. Голема благодарност до двете компании кои несебично и безрезервно се ангажираа да се подобрат условите во нашата болница“, изјави Д-р Марија Хаџи Лега, директор од Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје.
Во оваа кампања дирекно се вклучија и граѓаните кои ја покажаа својата хуманост со купување на Кожувчанка во кој било продажен објект на Жито Маркети, со што потоа од продажбата се издвојуваа средства во фондот за донација преку кој се овозможија два нови апарати за дезинфекција на раце.
Преставниците од Жито Маркети и Кожувчанка дадоа ветување дека и понатаму ќе организираат исти или слични хуманитарни кампањи, а не ја исклучуваат и можноста за нивна повторна соработка. Ваквиот пример на соработка помеѓу Жито Маркети и Кожувчанка е показател дека грижата за граѓаните е приоритет на овие компании, а кога станува збор за подобрување на условите и квалитетот на работење во јавните установи и институции, општествената одговорност е составен дел од нивното работење.
0 comments:
Post a Comment