Thursday, October 22, 2015

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: ЕФЕКТИ ОД ШТЕДЛИВОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ



Општина Кавадарци меѓу првите во Македонија го реализираше проектот за воведување нов систем во Јавното улично осветлување. Преку јавно приватно партнерство во изминатите три години беше извршена целосна замена на конвенционалните живини светилки со современи ЛЕД штедливи и еколошки светилки. Притоа во мрежата на претходното јавно осветлување каде имаше близу 2.200 улични свтилки, со системот на осовременување беа поставени нови дополнителни 550 сијалични места на кои исто така се вградиа ЛЕД светилки.

Според евиденцијата на службата за Јавно улично осветлување, сега во градот Кавадарци функционира систем на Улично осветлување со вкупно 2.700 сијалични места се вградени штедливи ЛЕД светилки.

Анализата покажа дека во моментот во Кавадарци каде се регистрирани нешто над 8.000 индивидуални и колективни станбени објекти, функционира систем на Јавно улично осветлување со кој на секој четири објекти, (куќи или згради), има една улична светилка. Според сознанијата ова е во ракмите на европскиот просек, што зборува за безмалку оптимална поставеност на Јавното улично осветлување за град со над 30.000 жители.

Освен ова, се покажа дека најголема придобивка од воведувањето на ЛЕД светилките е заштедата во пари. Претходно за да се постигне потребното ниво на осветленост од едно сијалично место, беше вградена светилка со моќност од најмалку 300 W(вати). За истата работа сега на еден столб е поставена ЛЕД светилка со моќност од 100 W, но со поглема ефикасност во интензитетот на емитуваната светлина и покриеноста на површината која ја осветлува. Поткрепа за ова е податокот што за броилата каде се регистрира потрожувачката на уличното осветлување, граѓаните односно општината, претходно плаќа најмалку 1.200.000 денари, а сега после воведувањето на ЛЕД светлото, висината на надоместокот по фактурата изнеува 500.000 денари. Заштедата од остварени 50% од Јавното осветлување се однесува на сите региструирани броила што ги плаќа општината, за улиците каде е извршена целосна замена на старите со нови штедливи светилки.

Општината заштедените пари ги рефинансира во подобрување на мрежата за улично осветлување, со поставување нови столбови, замена на дотрајаната инсталација како и за подобрување и осовременување на целокупниот систем за Јавно осветлување.

Но анализата покажа дека во јавното улично осветлување сеуште постојат проблеми. Тие се најизразени во перифериата на градот, каде најголемиот дел од станбените објекти се градени неплански, а имаат проблеми со нефункционалноста во поставеноста и распоредот на столбовите со светилки за Јавно осветлување.

Во моментот стручните служби на општината на теренот вршат сондажа на сите недостатоци на уличниот систем за јавно осветлување по што ќе следи фаза на негово оптимализирање, со единствена цел системот да се подобри и да остане во просекот една светилка за 4 објекти.

Општината смета дека со овој принцип оптимално ќе бидат задоволени потребита на граѓаните за Јавното улично осветлување.

Извор: kavadarci.gov.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП