• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Wednesday, September 30, 2015

ОСВЕТЛЕНА КЛУЧКАТА ЗА КАВАДАРЦИ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП


Осветлена е клучката за Кавадарци на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман, прoект финaнсирaн oд Агенцијaтa зa држaвни пaтиштa нa Републикa Мaкедoнијa.

Изразувајќи задоволство од реализацијата на овој проект, градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, информира дека се поставени се 20 кaнделaбри, со што меѓу другото ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

ВО КАВАДАРЦИ ЛЕГАЛИЗИРАНИ ОКОЛУ 1.500 ДИВОГРАДБИ


Околу 1.500 дивоизградени објекти во Кавадарци се веќе легализирани, а околу 2.5 илјади се во постапка на легализација, информираше за МИА Ванчо Колевски, заменик раководител на Секторот за урбанизам, комунална изградба, заштита на животната средина и сообраќај при кавадаречката локална самоуправа.

ЛОЗАРИ ИСТОК КАВАДАРЦИ: БАРАМЕ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА СОСТАНОК СО УПРАВАТА НА ТИКВЕШ 2014 И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАНОВ


Навивачката група ЛОЗАРИ, револтирана од немањето слух и лажните ветувања на надлежните, бара итен сосотанок со управата на ГФК Тиквеш 2014 и градоначалникот Александар Панов.

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „РАЗУМНИ СИЛИ “ НА ЃОРЃИ ФИЛИПОВ

Во вторникот, на 29 септември 2015, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, беше отворена изложба на ликовниот уметник Павле Кузманоски од Тетово и одржана промоција на книгата “Разумни сили“ од амбасадорот Д-р Ѓорѓи Филипов.



Вчера во Кавадарци беше отворена изложба на слики од истакнатиот македонски уметник Павле Кузмановски, кој живее и твори во Тетово. 
Кузмановски се претстави поголем дел од циклусот од 30 дела со тематска содржина со наслов: Инспирација, пријатели, традиција, искуство и автопортрети “. 

Tuesday, September 29, 2015

СКОПЈЕ ЗА КАВАДАРЦИ Е ГОЛЕМО ФУДБАЛСКО СЕЛО

Престолнината е антифудбалска. Дербито во Скопје го гледаа 0,05% од жителите на главниот град кои процентуално се светлосни години зад Кавадарци.


Играа Вардар и Работнички. Два големи ривали, трофејни екипи, тимови за респект... Но, сето тоа Вардар го носи низ своите води. Сето тоа е за само 500 навивачи и ништо повеќе. 
Процентуално станува збор за 0,05% од жителите на Скопје. Посрамно не може да биде. 

ЕПРОСКОП: ИНТЕРВЈУ - Исинов Садат


Во почетоткот на 80-тите на програмата на радио Кавадарци, одеше ХУМОРИСТИЧНА емисија која се викаше “Епроскоп”, во која учествуваа Бубо Каров, Бранко Трајковски-Сачмо, Марјан Димитров, како и другите вработени во тогашното Радио Кавадарци. Главните ликови беа Перо и Ристо. Емисијата беше вистински хит. Смешно но вистинито, емисијата одеше во недела, кога сите си работеа на лозовите насади. Транзисторот “обесен” на гранка, граѓаните си работеа, пееја и слушаа “Епроскоп”.

КАЗНА ОД 400 ЕВРА ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ВО ГРАД


Казна од 400 евра ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. 

ОСУММИНА МЛАДИ ОД КАВАДАРЦИ И ОД НЕГОТИНО БЕА ВО ЧРНОМЕЉ, СЛОВЕНИЈА

Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци продолжува со практиката што повеќе млади од Македонија да учествуваат во размени на ученици од земјите од Европската Унија и Балканот.


Една таква размена беше реализирана неодамна, во рамките на програмата „Еразмус плус“. Осуммина млади од Кавадарци и од Неготино престојуваа во Словенија, во градот Чрномељ. Вкупната бројка на учесници беше 42, а имаше учесници и од Германија, Шпанија, Хрватска и од Турција и, секако, домаќинот Словенија.

ХУМОР: ЦАЦКО ВО ГЕРМАНИЈА


Тоа Минхен ногу голем бре даа...му викам на Перо, Перооо и Конопоштите и Конопоиште, ама и воа Минхен бил у пичку мајчину, да си кажиме право...

Monday, September 28, 2015

ТЕХНОЛОГИЈА: CAR-TO-CAR ЌЕ БИДЕ ГАРАНЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ

Car-to-car технологијата која што предупредува на можен судир со друг автомобил ќе почне да се вградува во авотомбилите за неколку години.


Харихаран Кришнан од Џенерал моторс потсетува на некој математички гениј со неговите ситни очила и мустаќите. Еден сончев ден минатиот септември возејќи лудо со „кадилак DTS“ тој го тестираше неговиот најнов изум. На тие што го набљудувале не им било јасно што се случува кога забрзувајќи му светнала сијаличка на шал таблата, се слушнал звук на аларм, седиштата почнале да се тресат и одеднаш автомобилот застанал. Само што сопрел Кришман, покрај неговиот автомобил пролетал друг автомобил од левата страна. Кришман во никој случај не можел да го види другиот автомобил затоа што видикот му го попречувала зелената ограда.

НАСТАП И УСПЕХ НА ГИМНАСТИЧАРИТЕ НА КГС „ПАРТИЗАН“ ОД КАВАДАРЦИ

Во саботата во Кавадарци во салата на ООУ„Тошо Велков Пепето“, се одржа натпревар во спортска гимнастика за постари пионерки на четири гимнастички справи.


Според информацијата на Јагода Нацева-наш голем стручњак по гимнастика, младите на КГС„ПАРТИЗАН“, се натперварувале во прескок, натпревар на греда, разбој и на партер.

Првото место и златниот медал во поединечна конкуренција го освои Марија Вчкова.
Инаку во севкупниит пласман нашите беа трети.

КАРИКАТУРА: ФАРМА



Црта и пишува: Саша Димитријевиќ
Извор: www.belami.rs

КАВАДАРЧАНЕЦОТ СТАНОЕВ БИЛ ПРЕСМЕТЛИВ И ТРИКРАТНОТО УБИСТВО ГО ИЗВРШИЛ СО УМИСЛА


Обвинетиот во моментот кога ги застрелал трите лица бил пресметлив, не е лице со ментална ретардација и лице со хронично или психичко растројство, изјави пред судот невропсихијатарот Стојан Каров. 




Тони Станоев, обвинет за тројното убиство од Кавадарци, бил пресметлив кога го сторил делото, а пиштолот не испукал сам, како што тој се бранеше. Ова беа наодите на вештите лица, кои беа повикани да сведочат во Основниот суд во Велес.

МАЛЕРОЗЕН СПОРТСКИ ВИКЕНД ВО КАВАДАРЦИ



"Малерозниот викенд" за кавадаречките спортски колективи во кој "Вардар-Неготино" на сред Кавадарци славеше над "Тиквеш 2014" со 1-2, го комплетираа и ракометарите на Тиквеш и футсалците на Црна Река кои претрпеа вистински дебакл на гостувањата кај Вардар 2, односно Шкупи.

КАКО ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО ДА ГИ ИЗЛУПИТЕ ПИПЕРКИТЕ ЗА АЈВАР !!!


Никогаш не е предоцна за да научите како да си го олесните правењето зимница.
Затоа, оваа година откако ќе ги испечете пиперките, ставете ги во хартиени кеси.
Не пластични, туку хартиени.

ЧУДОТВОРЕН НАПИТОК КОЈ ЛЕКУВА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ: ТАЈНА ЧУВАНА ОСУМ ВЕКОВИ


Општо е познато дека природните лекови не можат да ни одмогнат, но затоа обидете се, можеби ќе ви помогнат…



Творец на овој познат рецепт е калуѓерката Хилдегард вон Бинген, која живеела пред 800 години. Многу години подоцна овој тајно чуван рецепт за срцеви проблеми го откриле и преземале познатите доктори кои го објавиле во своите пишани дела.

Таа советувала дека секое домаќинство треба да го има овој рецепт со кој се постигнуваат необични успеси.

МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ: ООУ„ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ“ СЕ ОГРАДУВА И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВА




- Јас не можам да го препознаам училиштето, ни рече граѓанин кој 1992 година овде го завршил своето основно образование. Нашето училиште конечно заличува на установа во која се створени одлични услови за настава. Од пуст и запуштен двор сега, едно од најстарите училишта во градот, станува пријатно катче за учење, воспитување и престој на нашите деца, додава некогашниот ученик и додаде: "Барем моите деца сега ке имаат убави услови за настава.Само уште спортската сала да се направи и се ке биде на своето место".

Милица Паулус: ЖИВОТОТ Е УБАВ



 Милица Паулус - писателка и поетеса

ЖИВОТОТ Е УБАВ

Сакам да живеам!
Сакам да заспијам,
во прегратка
на месечина.

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “НЕ ШЕТАЈ ГОЛА“


Во четврток, на 1 октомври 2015, со почеток од 20 часот, во салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, гостува Театарската група при Домот на културата “Мирка Гинова“ од Демир Капија со Театарската претстава “Не шетај гола“, работена по текст на Жорж Фејдо, а во режија на Томе Атанасов.

Во оваа урнебесна комедија играат: Анита Младеновиќ, Димче Бањански, Томе Атанасов, Вида Трајкова, Петре Пашоев и Цанко Стефанов.

КАРАТИСТИТЕ НА „УРБАН ИНВЕСТ" ОД КАВАДАРЦИ ОСВОИЈА 13 МЕДАЛИ

Нови 13 медали за каратистите на „Урбан инвест" од Кавадарци, овојпат на меѓународниот турнир „Ноќ на шампионите 2015" во Бијељина, Република Српска, Босна и Херцеговина.



На турнирот учествуваа 558 натпреварувачи од 55 клубови од седум држави - Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија.

Каратистите на „Урбан инвест" од Кавадарци освоија 6 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали.

КАВАДАРЦИ ПОКАЖА КАКО СЕ САКА ФУДБАЛОТ (ФОТО)


Екипите на Тиквеш и Вардар Неготино го одиграа „дербито за тиквешијата“ во Кавадарци и иако тоа се играше во рамки на Третата лига, на стадионот имаше повеќе публика отколку во целата Прва лига!

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТРЕСОТ


На прв поглед овие чекори се едноставни, кога ќе направите спој од нив, тие ќе бидат вистинско освежување во вашиот живот и ќе му кажете збогум на стресот.

Попладневната дремка може да ви ги врати силата, расположението и да ви го разбистри умот.

Иако на прв поглед овие чекори се едноставни, кога ќе направите спој од нив, тие ќе бидат вистинско освежување во вашиот живот и ќе му кажете збогум на стресот.

НАЛЕПНИЦИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ ВИ ОТКРИВААТ ШТО КУПУВАТЕ: ПРОЧИТАЈТЕ!


Дали сте ги забележале налепниците на овошјето кое го купувате? Дали знаете што значат?

Sunday, September 27, 2015

КАВАДАРЧАНИ САКААТ ФУДБАЛ, НА КАВАДАРЦИ МУ ТРЕБА СТАДИОН


Остри критики денес беа упатени кон Градоначалникот и надлежните во Општина Кавадарци, за катастрофалната состојба со градскиот стадион во Кавадарци, каде денес се одржа дерби натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар од Неготино.

Полураспаднатите трибини беа преполни, а интрересот на кавадарчани за фудбалот воодушевувачки.

Овој третолигашки натпревар со атмосферата ги стави во сенка сите натпревари овој викенд од повисоките натпреварувања кај нас.

ТОП СЕЛФИ: АЛЕКСАНДРА МИХОВА


Пејачката Александра Михова на својот Instagram профил, објави селфи фотографија која вреди да се погледне или како што би рекле кавадарчани "боде у очи".

ДОЖДОТ ГО ПРЕКИНА ГРОЗДОБЕРОТ


Дождот што паѓаше речиси цела седмица го прекина за момент гроздоберот во Тиквешијата. Викендите во овој период во Тиквешко најчесто се користат за берба. Но, тоа не беше случај и последниот викенд. Лозарите останаа дома нервозни поради тоа што може да пропадне несобраниот род од нивите.

СТАДИОНОТ ГОРИ: ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР ТИКВЕШ - ВАРДАР (НЕГОТИНО)


Ви пренесуваме дел од атмосферата на фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш и Вардар (Неготино), видеото е постирано на ФБ профилот на наш читател.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ВО КАВАДАРЦИ (анкета)


Во Кавадарци, тимот на ЦИВИЛ Медиа спроведе анкета меѓу граѓанките и граѓаните за нивните ставови за социјалната правда во нивниот град и во земјата воопшто.
Како и во Штип, Велес, Неготино, Скопје и други градови каде до сега престојуваа нашите тимови, поголем дел од луѓето се плашат да зборуваат за оваа тема пред камера. Анкетата е снимена во текот април, 2015 г.

ДОЖДОТ НЕ ПРЕСТАНА ДА ВРНЕ: КАДЕ НАВРНА НАЈМНОГУ ДОЖД ?!?


Дождот не престана да врне синоќа во повеќе градови низ Македонија. 
Наврнаа 43 литри на метар квадратен во Гевгелија,40 во Демир Капија, 32 во Пожар, 28 во Кавадарци, 20 во Струмица, 21 во Берово, 18 во Штип и Виница,16 во Крива Паланка и Дојран, 14 во Куманово, 10 во Прилеп, 9 во Тетово, Маврово и Лазарополе, 7 во Скопје 5 во Охрид и Крушево, 4 во Битола, Претор и Тополчани.

ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО КАВАДАРЦИ: СТАРИ АВТОМОБИЛИ - КАКО НОВИ


На изложбата на олдтајмери во Кавадарци овој септември учествуваат 30-сетина преставници од Македонија. Ова е добра бројка на учесници и според организаторот постигнат е очекуваниот ефект.

Мерцедеси, Опели, Фолцфаген-Буби, Вартбурзи, Фиќовци и други модели на стари возила, денеска беа паркирани на централната улица ,,Илинденска,, во Кавадарци. Овој несекојдневен настан во градот предизвика голем интерес, со оглед на лошото време-дождот кој 24 часа паѓаше во Кавадарци.

ДЕНЕС Е КРСТОВДЕН, ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК И СТРОГ ПОСТ!


Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.



Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Saturday, September 26, 2015

ОВОЈ НАПИТОК ЌЕ НАПРАВИ ВАШИОТ ЦРН ДРОБ ДА ФУНКЦИОНИРА ПОДОБРО


Црниот дроб е важен за општото здравје. Неговата работа е да ја преработува храната, мастите и да ги елиминира токсините и другите штетни материи кои ги внесуваме. Кога овој орган не функционира како што треба, последици трпат и сите други органи во телото, па е исклучително важно да поведете сметка за здравјето на црниот дроб. Црниот дроб може да се нарече чистач на организмот, но и на него му е потребно повремено чистење.

Затоа е добро од време на време да направите мала детоксикација, со цел вашиот црн дроб да функционира подобро. Овој сок ќе ви помогне во тоа.

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО: ДУХ ВОЗИ МОТОР НА СРЕД ПАТЕКА (ВИДЕО)


Редарите се обиделе да го сопрат моторот, но тој успешно маневрирал и ги избегнувал.


Неверојатна сцена е видена на една мото-трка кога еден мотор се движел сам по патеката. 
Редарите се обиделе да го сопрат моторот, но тој успешно маневрирал и ги избегнувал.
На никој не му е јасно како се случило тоа.

РИСТО - ПРЧОТ: ФЕЈСБУКОТ ПАДНА!!!.... АМИ АРНО И ДО СЕА СТОЕ!

Читам туа воа фејсбукот паднал, ууу даааа... ами арно и до сеа стое!

Ја незнае, коа уклучи шо да видам, коа нурнале воа кавдарчани видеа да акат, до сеа со слико ги имаше, ај некако се трпеше, кој кај бил шо напраил, ами сеа... Сеа од каа го пушти фацебукот и воа видеото, кој од кој попаметен и повеќе да покаже, споделуат, стават, растурат....грозјето необрано ако не остане еве на. А бре луѓето по трет пат чушки купуат, се спурија од стоење у вречите, ни пинџур се види, ни лутеница, така ќе го истераме воа зимо, наголо ракиата ци а цоцаме.

Туку ај да ода да а нарана магаричката моа, од преѓеска рика, се загледа и ја Биса од Бојанчиште цела лента од свадбата на ќерка и а ставила. Три саата а гледам очите ми подбелеа.

Да се разбериме, свадбата а гледам, не Биса. Биса беше за гледање на млади години, сеа шо ќе гледам коа се згужвала и она каа мене.
Ногу се сакаме ама ете, не ни се отвори пуста среќа, ја војска замина а она го зе Митре-Зајакот.

КАВАДАРЧАНИ И НЕГОТИНЦИ: РИВАЛИ УШТЕ ОД ТУРСКО

Кавадарчани и неготинци се караат уште од турско време, кога неготинските бегови отишле кај турскиот валија во Солун и со поткуп успеале да го кандисаат седиштето на Тиквешкиот округ да биде во Неготино.


"Лафе радио Кавадарци, слушајте неготинци", се прикажува оти така пред педесетина години Кавадарчани ја започнале својата радиопрограма. Овие, пак, од пуста љубомора оти немале радиостаница, придодале оти чуле на радио како кавадаречкиот спикер му вика на техничарот: „Тисни ја вратата, да ти го тиснам ...".

Приказната се врти до денес, како и многу други кои се дел од кавадаречко-неготинските мајтапења.

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА НАШАТА КАВАДАРЕЧКА ПИСАТЕЛКА И ПОЕТЕСА, МИЛИЦА ПАУЛУС


Милица Паулус

Писателката и поетеса Милица Паулус е автор кој пишува на македонски и на германски јазик. Родена е во Кавадарци, а живее во Германија.

Таа е автор на една германска издавачка куќа. На германски јазик има публицирано пет романи за младина и за деца, а со неколку песни учествувала и во една детска антологија. 
Со песни и кратки раскази на германски јазик зела учество и во шест антологии за возрасни. 

На македонски јазик ги публицирала стихозбирките: „ПАРЧЕ ЉУБОВ“ и „ РАЗГОЛЕНА ДУША“ за возрасни, а заедно со Ванѓелко Лозаноски го имат напишано научно дело „ВИЗИЈАТА И ЉУБОВТА НА КРСТЕ П. МИСИРКОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНИЈА“. 

ВО ПОНЕДЕЛНИК, ЦЕЛОСНО ПОМРАЧУВАЊЕ НА СУПЕР МЕСЕЧИНАТА

Целосно помрачување на Месечината заедно со т.н. супер Месечина е спектакл кој се очекува во неделата вечер или во раните утрински часови во понеделник, зависно од позицијата на планетатата Земја. Станува збор за комбинација која не е видена од 1982 година и која нема да се повтори до 2033 година, најавува НАСА.



Т.н. супер Месечина се случува кога полната Месечина се наоѓа најблиску до Земјата. Иако тоа е оддалеченост од 350.000 километри, Месечината ќе изгледа поголема и посјајна од обично, пренесува агенцијата „Бета“.

Friday, September 25, 2015

РАСЦВЕТАНА КОСА: ОВA ЌЕ ВЕ СПАСИ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ!


Добра вест е што постојат начини овој ефект значително да го намалите, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога станува за грижата за вашата коса. Постојат работи кои не треба да ги правите, како и такви кои доколку ги применувате, ќе направат чуда за вашата неиспукана коса.

„ЗБОГУМ РУМЕЛИЈА“- ДРСКО ИСКРИВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

Меѓу македонските телевизиски гледачи мошне актуелна е турската серија „Збогум Румелија“, емитувана на телевизискиот канал „Сител“ во вечерните часови. Станува збор за тенденциозен телевизиски проект, со историска пропагандна позадина, којашто го опфаќа периодот пред крајот на Османлиското ропство во Македонија, а кој, во голем дел, е реализиран на територијата на нашата држава, со дозвола и во соработка со наши општествени институции и поединци.


Не би сакале да навлегуваме во уметничката вредност на споменатата „сапуница“, како и во тривијалноста на проблематиката со која се занимава, и да засегаме прашања од типот колку е историски доследна (иако и тука би можело многу да се каже, на пример за несоодветната костимографија која нималку не се совпаѓа со историските факти – во тоа време турските жени не можеле да бидат видени во јавноста без фереџе, сè до неговото укинување од страна на Мустафа Кемал Ататурк во 1925 г., за што сведочи и бројната литерарна, фото и видео документација од тоа време). Дури и не би спореле околу тоа каква перфидна хипокризија се крие зад превезот на прикажаниот, навидум „хармоничен“ соживот.

ГРЕШКИ КОИ НЕНАМЕРНО ГИ ПРАВИМЕ НО СЕПАК СЕ СЛУЧУВААТ (ВИДЕО)


Понекогаш во животот правиме катострофални грешки, се разбира ненамерно, но сепак се случуваат.

ЕТНО КУЌА ВО КАВАДАРЦИ


Прекрасната куќа на господинот Коста, од село Глишиќ - Кавадаречко, уредена во етно стил, е една од обележјата каде се собрани многу спомени и традиции на македонскиот народ. Уживајте во видеото!

ЦАЦКО КОНОПИШКИ: МОНОЛОГ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ


А шо мака имам ја видено од тоа ѓерманците, бре, бре, бре ....

ОТВОРАЊЕ ИЗЛОЖБА НА ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ


Во вторник, на 29 септември 2015, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на познатиот ликовен уметник Павле Кузмановски од Тетово.

НОСТРАДАМУС: ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА КЛУЧНА УЛОГА ВО „ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА”

Според Нострадамус, територијата на Македонија ќе има клучна улога во новата последна „трета светска војна”, која нема да се случи доколку надвладее разумот,затоа што “судбината на човекот не е во природата, туку во неговите раце” и дека единствено тој, “човекот”, може да ја спречи големата катаклизма и своето самоуништување.




-Запалена светилка ќе биде видена, во ноќно време, близу до Рона. Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна, кога Персија ќе се мобилизира, да ја заземе Македонија. Пророштвата на најголемиот визионер во историјата на човековата цивилизација, Мишел Нострадамус, со векови го возбудуваат светот. Овој доктор по медицински науки живеел во време кога науката била на најниско ниво. Со својата визионерска моќ, навлегувајќи длабоко во времето и во просторот, претскажал многу настани кои го потресувале и во иднина ќе го потресуваат светот!

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА: РЕИНКАРНАЦИЈА НА БРУС ЛИ


Детево ќе ве остави вчудоневидени, вистинска реинкарнација на Брус Ли, останува да погледнете.

ВО НЕДЕЛА ВО КАВАДАРЦИ ГОЛЕМО ФУДБАЛСКО ДЕРБИ ТИКВЕШ – ВАРДАР (НЕГОТИНО)

Во недела во 15:30 часот ќе се одигра фудбалското дерби помеѓу Тиквеш од Кавадарци и Вардар од Неготино во Третата македонска лига – југ.


На ланскиот натпревар во Кавадарци, помеѓу овие два тима, имаше 4000 илјадна публика, што беше неколку пати повеќе од публиката заедно на сите прволигашки и второлигашки натпревари во Македонија, тој викенд.

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА (ВИДЕО)


Видео клип кој ве остава без коментар и навистина вреди да се погледне

ЦАЦКО КОНОПИШКИ: МОНОЛОГ ЗА БУГАРИТЕ


Човек треба да го одбере правиот момент кога треба да реагира, пардон...


Thursday, September 24, 2015

ВО СРБИЈА СОБРАНИ НАД 100.000 ПОТПИСИ ПРОТИВ РЕАЛНИТЕ ШОУ ПРОГРАМИ

Во Србија во тек е потпишување петиција за укинување на реалните шоу програми на домашните телевизии, а во акцијата што ја покрена група граѓани на социјалните мрежи досега се собрани повеќе од 100.000 потписи.



Во регионот, а делумно и кај нас, во моментов можат да се гледаат „Големиот брат“, „Фарма“, „Малдиви“, „Парови“...и дел од јавноста отворено се спротистави на овој телевизиски терор, укажувајќи дека воајеризмот, што со овие емисии се поттикнува, придонесува за ширењето на шунд и кич, што лошо влијае на младите генерации. Овие реални шоу програми, исто така поттикнуваат примитивизам, вербално и физичко насилство и баналност.

НАПИШЕТЕ 200 ЗБОРОВИ И ЌУКАТА СО 14 СОБИ Е ВАША!


Куќа од соништата во природа со 372 квадратни метри можете во американската држава Индијана да купите за само 199 долари.

Единствен услов кој сопственикот на оваа куќа го поставува е есејот во кој во 200 зборови треба да напишете зошто токму вие би биле најдобриот сопственик на таа куќа која има 14 спални соби, камин и поглед на реката Охајо.

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП