На ланскиот натпревар во Кавадарци, помеѓу овие два тима, имаше 4000 илјадна публика, што беше неколку пати повеќе од публиката заедно на сите прволигашки и второлигашки натпревари во Македонија, тој викенд.
Кавадарчани и Неготинци многу сериозно го сфаќаат овој натпревар. Ривалитетот помеѓу овие два тима постои уште од многу одамна. Секој натпревар помеѓу овие два тима бил прогласуван за натпревар со висок ризик, бидејќи неретко се случувале инциденти помеѓу навивачките групи на двата тима, Лозари од Кавадарци и Винари од Неготино.
ФФМ веќе го прогласи за натпревар од висок ризик, што значи дека натпреварот ќе биде обезбедуван од единиците на ЕБР. Се очекува 4-5 илјадна публика, а навивачите и од двата тима забрзано ги спремаат своите кореографии.
Целата Тиквешија овие денови пулсира во исчекување на овој натпревар. Бодовите можеби и дури не се толку важни. Важна е гордоста, честа и победата над најголемиот ривал. За многумина, победа во овој натпревар е рамна на влез во Втората лига.
Во недела, без дилеми ќе биде тензично и борбено, но да се надеваме дека ривалитетот ќе се одрази само на теренот, а на трибините ќе се навива спортски и достоинствено.
Дел од информациите се превземени од порталот: www.doznaj.com.mk
0 comments:
Post a Comment