На изложбата на олдтајмери во Кавадарци овој септември учествуваат 30-сетина преставници од Македонија. Ова е добра бројка на учесници и според организаторот постигнат е очекуваниот ефект.
Мерцедеси, Опели, Фолцфаген-Буби, Вартбурзи, Фиќовци и други модели на стари возила, денеска беа паркирани на централната улица ,,Илинденска,, во Кавадарци. Овој несекојдневен настан во градот предизвика голем интерес, со оглед на лошото време-дождот кој 24 часа паѓаше во Кавадарци.
- Јас сум задоволен од одзивот на ова изложба која ја организирам веке четврта година, со оглед на времето кое ова година не ни е сојузник. Но денеска престана да врне и имаме голема посега, и самите гледате, улицата е полна народ. Годинава учествуваат 30-сетина автомобили на исто толку сопственици, и задоволен сум од одзивот. Ова е показател дека олтајмерите кај нас се омилени и за нив се обрнува големо внимание за да бидат речиси нови и како што гледате и во возна состојба, а ова голема посета зборува дека лугето се интереираат какви биле некогаш љубимците на четирио тркала. Овие возила пред 30 годинии и сега можат да се вклучат во сообраќајот што ги прави достојни за сите времиња, вели главниот организатор на ова манифестација Мите Ташев, кому му ги упатуваме честитките за настанот.
Инаку денеска меѓу олдатајмерите беше и автомобилот на Игор Стефановски-Иџе двократниот европски шампион во автомобилизам за ридски патеки. Тој исто така престојуваше меѓу кавадарчани, споделувајќи впечатоци од неговите настапи на европската автомобилска натпреварувачка сцена.
Пишува: Марјан Димитров
ГАЛЕРИЈА
...
0 comments:
Post a Comment