Денеска во присуство на градоначалникот, УСАИД, преставници на изведувачите на работите, директорот на ООУ,,Тоде Хаџи Тефов“, беше извршен надзор на изведените работи на уредувањето на дворот и оградувањето како и хортикултурни решенија на вој простор.
- Проектот кој овие денови привршува, е инициран од директорот на училиштето Никола Нешковски со подршка на долгогодишниот донатор Агеницијата УСАИД, и локалната самопуправа. Целиот проект чини околу 1,5 милиони денари, од кои 1,2 ги обезбеди УСАИД, а 300 илјади се средства на Локалната самоуправа вели градоначалникот Алекдсандар Панов.
Освен спортската сала која се очекува да се гради наредната година, училиштето е комплетирано со се она штпо е потребно за нормално функционирање. Се планира интервенција во промена на парниот котел и покривот. Сега со иградбата на оградата,поплочувањето, хортикултурните решенија, ова училиште станува пријатно место за образование и воспитување.
Директорот Никола Нешковски вели дека се работи изведени во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образовниот систем “, во кој беа вклучени околу 300 училишта од Македонија.
-Како училиште ние најдобро го одработивме проектот поради што и УСАИД ни додели 1,2 милиони денари, вели Нешковски. Во проектотр се вклучија наставниците, учениците и Локалната самоуправа со 300 илјади денари, а ние како училиште учествуваме со 310 илјади денари. Нашите средства ги наменивме за подрачнното училиште во село Бегниште за изработка на скали, две влезни врати, на патека со бекатон плочки и санирање на потпорен зид, додава Никола Нешковски.
Претставникот на УСАИД потенцира дека во Општинава се присутни две децении, досега вложиле доста средства посебно во образовниот систем и ке продолжат и понатаму, со цел за подобрување на условите за живеење особено за младите генерации кои се нашата иднина.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment