Сакам да живеам! Сакам да заспијам, во прегратка на месечина.
Наутро да се насмевнам на сонцето и навечер да разговарам со звеѕдите. Светлината нека биде мојот дом а топлината радосна одаја. Нека се вее ветар со бакнежи и нека прска роса со насмевки. Нека сум среќна во денот и да ја благословам ноќта. Сакам да живеам! Животот е убав. Божји подарок. Топка со многу луѓе и само две страни. Јас сум на таа, каде што се сака! Размисли, каде си ТИ ?!
0 comments:
Post a Comment