Читам туа воа фејсбукот паднал, ууу даааа... ами арно и до сеа стое!
Ја незнае, коа уклучи шо да видам, коа нурнале воа кавдарчани видеа да акат, до сеа со слико ги имаше, ај некако се трпеше, кој кај бил шо напраил, ами сеа... Сеа од каа го пушти фацебукот и воа видеото, кој од кој попаметен и повеќе да покаже, споделуат, стават, растурат....грозјето необрано ако не остане еве на. А бре луѓето по трет пат чушки купуат, се спурија од стоење у вречите, ни пинџур се види, ни лутеница, така ќе го истераме воа зимо, наголо ракиата ци а цоцаме.
Туку ај да ода да а нарана магаричката моа, од преѓеска рика, се загледа и ја Биса од Бојанчиште цела лента од свадбата на ќерка и а ставила. Три саата а гледам очите ми подбелеа.
Да се разбериме, свадбата а гледам, не Биса. Биса беше за гледање на млади години, сеа шо ќе гледам коа се згужвала и она каа мене.
Ногу се сакаме ама ете, не ни се отвори пуста среќа, ја војска замина а она го зе Митре-Зајакот.
И тоа на превара а прелажа. Ја војска, Биса ме испрати плачење гушкање пред рејсот. Жента душта замене а даваше. А Митре-Зајакот тогаш си дошол од војска спремен за женење.
Да фане писмо да и напише дека ја, на отсаство ќе си ида 6 месеци од каа отиду. Биса цела среќна, ме чекала ама дури срцето од радоси ќе и препукнело. На сон почнала да ме сонуе, аха... после ја од други човеци разбра.
А у меѓу време Митре се запослил каа шумар, татко му ногу компири садеше у Конопиште, со три шпедитора ги врзал тоа општинарте и оп.... Митре-Зајакот шумар го намести.
И така една вечерина, Биса успана, мене ме сонуе, виа сорот, да се издебе и да и се шушне у креветот. Биса сонлива, ваму умот у мене, Митре со капа и со униформа, коа се милуеле, коа љубоф воделе...Биса дури да се свесте Митре, а напумпал и спрснал. Зајачки, од тоги му остана тоа прекарот. И ај да не пукне срам у селто, шо да праат, фанале и а омажиле Биса за Митре.
Ја коа си дојду од војската, детто и преодено беше. Ама тоа од пишаниа куртулија нема. Ај да ода на магарто цревата до туа ги слушам како вијат, друг пат ци полафиме.
Пишува: Ристо Крстев - Прчот, од Страгово
0 comments:
Post a Comment