Изразувајќи задоволство од реализацијата на овој проект, градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, информира дека се поставени се 20 кaнделaбри, со што меѓу другото ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.
– Ова беше долгогодишна потреба на регионот, а барања за осветлување на овој дел од општината континуирано пристигнуваа до нашата локална самоуправа. Осветлувањето е особено важно во периоди како сегашниот, кога заради гроздоберот, овде покрај огромен број на возила, се движат и многу трактори полни со грозје, рече Лазов.
0 comments:
Post a Comment