Wednesday, September 30, 2015

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „РАЗУМНИ СИЛИ “ НА ЃОРЃИ ФИЛИПОВ

Во вторникот, на 29 септември 2015, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, беше отворена изложба на ликовниот уметник Павле Кузманоски од Тетово и одржана промоција на книгата “Разумни сили“ од амбасадорот Д-р Ѓорѓи Филипов.



Вчера во Кавадарци беше отворена изложба на слики од истакнатиот македонски уметник Павле Кузмановски, кој живее и твори во Тетово. 
Кузмановски се претстави поголем дел од циклусот од 30 дела со тематска содржина со наслов: Инспирација, пријатели, традиција, искуство и автопортрети “. 


За неговото творештво говореше писателот д-р Ѓорѓи Филипов поранешен амбасадор во СР Германија и Австрија, кој патем вечерва во Домот на културата„Иван Мазов Климе“, ја промовираше книгата „ Разумни сили“.


-Павле Кузманоски е едно од најистакнатите имиња на современото македонско сликарство. Приредил педесет самостојни изложби, а учествувал на над двеста и педесет групни изложби во земјата и странство. Добитник е на национални и меѓународни признанија , вели Филипов. 

Впрочем за него доволно зборува портретот со кој вечерва се престави пред љубителите на ликовната уметност во Кавадарци меѓу кои беа присутни градоначалниците на Кавадарци, Александар Панов и на Росоман Стојанче Лазов.

Внимание на вечерта на култура предизвика и промоцијата на книгата „Разумни сили“ на д-р Ѓорѓи Филипов, кој беше преставен од промоторите: директорката на Градската библиотека „Феткин“, Трајанка Атанасова и Милован Стефановски.

Книгата содржи куси написи на лични доживувања или размислувања на темите љубов, мудрост, доблест, вистина и правда, наречени „Разумни сили” кај човекот. Авторот на поимите не им пристапува од теолошки, религиозен, социолошки или филозофски аспект, туку од литературна, прозно-поетска гледна точка, со што тие добиваат поинаква, динамичка компонента, подеднакво станувајќи привлечни и за љубителите на белетристиката, како и за љубителите на духовната или филозофската литература. Пред присутните беа прочитани изваоци од книгата.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП