Tuesday, March 29, 2016

ВО КАВАДАРЦИ СЕ ОДРЖА УСПЕШНА СЛЕМ РАБОТИЛНИЦА



Во саботата, на 26 март 2016, во просториите на Хотел “Уни Палас 2“ и Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа целодневниот поетски и арт хепенинг кој кулминираше во Салата на Домот на културата со Поетри - Слем натпревар Кавадарци 2016.

Во ликовниот дел учествуваа и твореа познати ликовни уметници од цела Македонија, чии реализирани дела вечерта имаше можност да ги види публиката во салата.

Се одржа и успешна Слем работилница со поетите учесници на натпреварот.
Во конкуренција на слемери од цела Македонија, победници на “Поетри - Слем натпревар Кавадарци 2016“ се Цветанка Колева од Кавадарци и Лиле Јовановска од Скопје.

Организатори на оваа успешна целодневна манифестација беа Домот на културата “'Иван Мазов - Климе“, Градската библиотека “Феткин“, Поетри - Слем Македонија и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП