Tuesday, March 29, 2016

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА ВИЦОВИ “ЛАКРДИИТЕ НА ПАЈА“


Во петок, 1 април, во Салата на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на втората книгата, збирка вицови “Лакрдиите на Паја“, на една од последните вистински урбани легенди на Кавадарци – Златко Вузевски Паја.


На промоцијата ќе настапат познати кавадаречки музичари, актери, радио водители и колумнисти, долгогодишни соработници и пријатели на авторот Златко Вузевски Паја. Специјален гостин на вечерта е еден од најпознатите кавадарчани воопшто - Љупчо Каров Бубо.

Втората книга на Паја доаѓа по минатогодишното негово првенче “Ѕидот на Паја“ (промовирано на 02.02.2015), кое беше вистински кавадаречки бестселер.

Инаку, на реализацијата на “Лакрдиите на Паја“ освен авторот Златко Вузевски, кој нуди дел преработени вицови на кавадаречки дијалект, дел се негови оригинални творби, работеа и Марјан Тодоровски како реализатор, дизајнот на корицата и компјутерската обработка се на ликовниот уметник Билјана Соколова, а илустрациите на насловната и внатрешните страни се на ликовниот уметник Трајче Јованов.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП