Tuesday, March 29, 2016

ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КАВАДАРЕЧКО РАЕЦ



Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случи на кај кавадаречкото село Раец, на магистралниот пат Градско-Прилеп.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска рече дека во несреќата што се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп учествувале две патнички моторни возила и оти засега не можат да кажат повеќе детали.

Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци информираат дека две повредени лица во сообраќајната несреќа биле однесени во Општата болница во Кавадарци каде им се санираат повредите.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП