Девет златни, седум сребрени и девет бронзени медали освоија каратистите од карате клубот „Урбан инвест" од Кавадарци, на меѓународниот турнир „Плевље опен 2016", кој се одржа во Црна Гора.
Тренерот Ивана Аврамова денеска информираше дека на меѓународниот турнир „Плевље опен 2016", учествувале околу 600 натпреварувачи.
- На натпреварот учество земаа околу 600 натпреварувачи од Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Босна и Хрватска. Нашите каратисти повторно покажаа и докажаа дека ја имаат усовршено карате техниката, рече Аврамова.
Таа најави дека следуваат уште многу натпревари во земјава и странство, на кои младите каратисти од Кавадарци ќе си ги одмерат знаењата во оваа вештина со своите врсници.
0 comments:
Post a Comment