Кавадарци - Горештините оставија последици врз дел од грозјето во Тиквешко, како најголем лозарски регион во Македонија, изјавил за МИА Благоја Мишковски, долгогодишен професор по стручни предмети во земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци.
„Штети се видливи посебно кај дел од десертните сорти на грозје како ’мишел палиер‘ и ’рибиер‘, кои се чувствителни на временски услови, но штети има и кај други трпезни сорти. Кај винските сорти, кои важат за поиздржливи, долгите топли денови можат да остават последици врз вранецот и секако смедеревката како помалку отпорна сорта. Најголемо прегорување на лисната маса и последици кај грозјето има кај лозјата кои се на суво и без услови за наводнување, па има дехидрација на гроздовите зрна, особено кај вранецот“, објаснува професорот.
Тој нагласува дека лозарите покрај тоа што треба да наводнуваат, доколку има услови за тоа, особено треба да внимаваат при закинувањето на лисната маса на виновите лози, затоа што од нејзиното присуство или отсуство, во многу зависи и тоа дали сонцето ќе остави помали или поголеми последици врз родот на лозјата.
Исто така, покрај врз грозјето, високите температури и дефицитот на влага во почвата и натаму се лимитирачки фактор за развој на земјоделските култури, особено кај доцните сорти на пролетните, окопни и градинарски култури.
Според агрометеоролозите, овие појави проследени со ниска релативна влажност на воздухот може да предизвикаат и паѓање на цветовите и заврзаните плодови на градинарските култури.
Тие сугерираат да се интензивира примената на заштитата од болести и штетници во одредени региони поради можна локална појава од дожд и град.
Времето во наредниот период ќе биде поволно за реализирање на дел од земјоделските работи кои во овој период се одвиваат со поголем интензитет.

0 comments:
Post a Comment