Кузмановски, во јавноста дебитираше во далечната 1967 година кога во Уметничката галерија во Тетово се претстави со циклусот "Везилка", цртежи и линорези, инспирирани од поезијата на Блаже Конески. Жената како инспирација продолжи да се провлекува како мотив и останатите години, па се до ден-денеска.
Кузмановски остварил четири студиски престои во Париз. Учествувал на преку 30 меѓународни колонии, досега приредил 40 самостојни изложби во земјата и странство. Учествувал на преку 250 групни изложби. Кузмановски е добитник на Наградата "Длум - цртеж", на наградата за сликарство "Методија Ивановски Менде". Во 1994 година се стекна со статус самостоен ликовен уметник.
0 comments:
Post a Comment