Една таква размена беше реализирана неодамна, во рамките на програмата „Еразмус плус“. Осуммина млади од Кавадарци и од Неготино престојуваа во Словенија, во градот Чрномељ. Вкупната бројка на учесници беше 42, а имаше учесници и од Германија, Шпанија, Хрватска и од Турција и, секако, домаќинот Словенија.
Наши претставници беа: Ѓорѓи Стефанов, лидер на македонскиот тим, Стефан Тодоров, Тоде Крстев, Анастасија Цуцулова и Андријана Стојановска од Кавадарци и Симона Миладинова, Димитар Стојчев и Кристијан Петров од Неготино. Тема на настанот беше ревитализација на парковите во Чрномељ. Овој град има три парка: „Гричек“, „Јурјеванска драга“ и „Мајер“, кои до пред дваесет години биле полни со посетители, но со текот на времето сѐ повеќе се празнат затоа што социјалниот живот на младите се префрлил на социјалните мрежи наспроти високата стапка на невработеност. Целта на овој проект, со наслов „Ревитализација на парковите во Чрномељ“, е да се издигне свеста за вклучување на постојните ресурси кон зголемување на квалитетот на животот.
Имало и работилница на тема „Улогата на спортот, културата и јавните места во социјалното интегрирање“.
Учесниците на оваа размена на млади презентираа традиционални игри од своите земји, спортуваа и организираа различни социјални настани, вклучувајќи ја тука и интеркултурната вечер, на која секоја земја-учесничка ги претстави своите традиционални кулинарски специјалитети, песни поезија и култура.
- Македонската екипа ги почести учесниците со македонски ајвар, овошни џемови и слатка, тиквешки вина и ракии, а се играа и наши ора и песни, зачинети со стиховите на Кочо Рацин и на Константин Миладинов - вели лидерот на тимот Ѓорѓи Стефанов.
Во рамките на размената сите учесници имаа можност да ја видат реката Колпа, која е природна граница меѓу Хрватска и Словенија, потоа градот Љубљана, каде што беа гости на Европската куќа и каде што на главниот плоштад изведоа флешмоб.
Преку сите активности нашите членови на Советот за превентива против малолетничка деликвенција се стекнаа со нови вештини и способности, склопија многу нови пријателства и на крајот добија сертификат Јутпас.
Автор: Ми.М.

Извор: Нова Македонија
0 comments:
Post a Comment