Monday, September 28, 2015

МАЛЕРОЗЕН СПОРТСКИ ВИКЕНД ВО КАВАДАРЦИ



"Малерозниот викенд" за кавадаречките спортски колективи во кој "Вардар-Неготино" на сред Кавадарци славеше над "Тиквеш 2014" со 1-2, го комплетираа и ракометарите на Тиквеш и футсалците на Црна Река кои претрпеа вистински дебакл на гостувањата кај Вардар 2, односно Шкупи.

По воведниот пораз од ХЈС Работник на домашен терен, ракометарите на Тиквеш очекувано беа поразени и од тимот на Вардар 2, кој во Скопје славеше убедлива победа од 42-19.
Сличен е и ефектот на футсалците на Црна Река кои во првото коло на домашен терен беа поразени од шампионот Железарец со 0-4, а во саботата беа декласирани од тимот на Шкупи со 9-2.

Во наредното коло ракометарите на Тиквеш ќе го пречекаат тимот на Преспа 2010, додека Црна Река ќе биде домаќин на тимот на Хедис.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП