Monday, September 28, 2015

КАВАДАРЧАНЕЦОТ СТАНОЕВ БИЛ ПРЕСМЕТЛИВ И ТРИКРАТНОТО УБИСТВО ГО ИЗВРШИЛ СО УМИСЛА


Обвинетиот во моментот кога ги застрелал трите лица бил пресметлив, не е лице со ментална ретардација и лице со хронично или психичко растројство, изјави пред судот невропсихијатарот Стојан Каров. 




Тони Станоев, обвинет за тројното убиство од Кавадарци, бил пресметлив кога го сторил делото, а пиштолот не испукал сам, како што тој се бранеше. Ова беа наодите на вештите лица, кои беа повикани да сведочат во Основниот суд во Велес.

- Обвинетиот во моментот кога ги застрелал трите лица бил пресметлив, не е лице со ментална ретардација и лице со хронично или психичко растројство. Лекарствата што ги пиел во тој период се поради анксиозно депресивно растројство, тоа не е болест туку невропатска состојба и немаат влијание врз неговата пресметливост – рече невропсихијатарот Стојан Каров.

Пред судскиот совет сведочеше и балистичарот Златко Секулиќ, кој рече дека сите три лица се застрелани од непосредна близина. Тој одговори и на прашањето на одбраната на Станоев, дека пиштолот испукал сам.

- Полуавтоматскиот пиштол ЦЗ 79 од 9 мм, со кој се извршени убиствата, не бил во состојба сам да истрела – рече балистичарот Секулиќ.



За начинот како се извршени убиствата зборуваше патологот д-р Горан Павловски.

- Сите три убиства се случени лице во лице, со тоа што Снежана во моментот кога е пукано врз неа била во полуседечка положба. Билјана и Илија се убиени со еден истрел, додека кај Снежана има две прострелни рани – изјави д-р Павловски.

Судењето го суди истиот седечки совет, откако беше отфрлено барањето на одбраната на обвинетиот Тони Станоев дека тој по овој предмет постапувал субјективно и пристрасно. Сопругата на обвинетиот Илија, Данче Станоева, ја повтори нејзината тажна животна приказна, каков брак имала со сега поранешниот сопруг.

- Заедно со децата имавме неподнослив живот, со закани кон мене, дека ќе ги убие моите најблиски. Од ден на ден стануваше сѐ поагресивен кон мене и кон децата. По семејното насилство од 15 август лани, се разделивме, децата со одлука на Центарот од Кавадарци одеа кај него преку викенд, но често се случуваше да останат до среда. Некој пат и по две-три недели не ги даваше. Пред четири години со пиштол му се закануваше на татко ми, така што подолго време живеевме сите во страв од неговите постапки – рече сопругата Данче.


Тони Становев е обвинет за тројното убиство што се случи на 9 ноември минатата година во Кавадарци. Според обвинителството тоа го сторил со умисла, а од живот ги лишил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија (61 год), Билјана (56 год) и Снежана (33 год) Леови. Судењето продолжува на 19 октомври.

Пишува: Петар Печков
Извор: ТЕЛЕГРАФ.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП