• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Sunday, January 31, 2016

МОЌТА НА МАГНЕТНИ ПОЛИЊА



Практичен пример кој на едноставен начин ја објаснува моќта на магнетното поле. Видео кое ќе ве остави без зборови, погледнете.

ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ВЕЧНИ СЕЌАВАЊА ОД МИНАТОТО НА КАВАДАРЦИ


Со свои очи сум гледал како автомобилот „Форд“ на Трајче Грков е наттрчан од пајтонџиските коњи на Горчо Туриманџов. 


Автомобилот „Форд“ на Трајче Грков од Кавадарци тргна порано за десетина минути, а пајтонот на Горчо Туриманџов подоцна, и беше стасан и надминат кај мостот на селото Марена. Пајтонот на Горчо во таа 1924 година беше прогласен како победник над бавната автомобилска техника. 

ШАМПИОН МЕЃУ КУЛТУРНИТЕ ДОМОВИ - СЕКОЈ ДЕН КУЛТУРА!



Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци го доби признанието за најактивен културен дом во изминатата 2015 година од страна на Здружението на домови и центри за култура на Македонија, информираше денеска директорот на кавадаречката културна институција, Владимир Темков.

ФЕНИ ИНДУСТРИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ КОЖУВ (78-56)


Фени Индустри ја запиша првата победа во втората етапа од домашното првенство во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи пред своите навивачи против Кожув од 78-54 (14-16,21-16,23-9,20-15).


На стартот од вториот дел во шампионатот, кавадарчани до триумфот стигнаа благодарение на одличната трета четвртина која беше одлучувачка околу конечната победа.

Friday, January 29, 2016

НЕВЕРОЈАТЕН РЕКОРД: ЖЕНА РОДИЛА 11 БЕБИЊА ПО ПРИРОДЕН ПАТ!


Докторите во една болница во Индијанаполис останале шокирани, откако породиле четириесет и две годишна жена, која родила 11 здрави момчиња, и тоа без царски рез!


Пораѓањто траело два часа. Бебињата буквално излагале едно зад друго. Шест од единаесетте момчиња се идентични близнаци, тешки околу 600 грама.

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП


Наскоро ќе започне изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп. Првата фаза од Фариш до Дреновска Клисура во должина од 10 километри ќе ја гради шпанската компанија „Констракшн рубауко“, со која е потпишан договор.


Договорот е вреден 31,8 милиони евра. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши изградбата на оваа делница.

Според проектот, патот ќе биде со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3,5 метри и 2, 5 метри.

Thursday, January 28, 2016

Wednesday, January 27, 2016

ВОЗЕЊЕ ОД КАВАДАРЦИ ДО МИХАЈЛОВО (ВИДЕО)



Возење од Кавадарци до Михајлово (Кожуф) по регионалниот пат R1107 - (забрзана снимка).

ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ЦРКВАТА „СВ. ИЛИЈА“ ВО ГОРНА БОШАВА


Ќе се реновира покривната конструкција на црквата во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава, информираше денеска претседателот на месната заедница Дарко Најдов.


- Иако градбата на црквата ја почнавме во 2003 година, покривот протекува при дожд, а дождовните капки оставаат траги и во внатрешноста на верскиот објект. Се уште не ни е направен фрескоживописот токму од таа причина. Иако има заинтересирани, тоа засега се избегнува, се додека не се реши проблемот со протекувањето на покривната конструкција, рече Најдов.

ЕДНА ЧАШКА ДОМАШНА РАКИЈА НА ДЕН ГО ЗГОЛЕМУВА ЖИВОТНИОТ ВЕК


Една ракија дневно делува превентивно на дијабетисот, ревматичниот артритис, остеопорозата, камен во бубрег, стрес и депресија, паркинсова болест, хепатитис А, ангина пекторис, а добра е и за меморијата.



За доручек, па и за ручек голем дел од мажите, особено повозрасните едноставно обожуваат да испијат по една чаша ракија од домашно производство. Доколку ова остане така нема никаков проблем – тврдат научниците. Една до две чаши домашна ракија дневно е здраво за нашето тело.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ХОЛОКАУСТОТ


Министерството за надворешни работи денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот организира комеморативна церемонија.


Со комеморацијата ќе им се оддаде почит на сите жртви на Холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и екстерминирани во логорот „Треблинка“.

МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ БЕЛОРУСИЈА ЗА ПРВА ПОБЕДА НА ЕП ВО ПОЛСКА


Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати.


Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.

ХУМОР: ОД НЕГОТИНО (ВИДЕО)



А бе ти можиш се да кажиш и да ме оваловажуиш колку сакаш, јас си знам колку вредам...

Tuesday, January 26, 2016

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД СЕЗОНСКИ ГРИП ВО КАВАДАРЦИ


Се зголемува бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци, а само во последната седмица се регистрирани нови 41 случај со грип, изјави денеска доктор Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.



Специјалистот епидемиолог Ристе Јовановски додаде дека вкупниот број заболени од грип оваа сезона се искачил на 140 или повеќе од двојно од минатата сезона, кога во овој период од годината во Кавадарци и Росоман се евидентирани 62 лица со ова заболување.

ЛЕГЕНДАТА ЗА ТАПАНИТЕ ВО ГРАДОТ ТИКВЕШ



Се раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во Централна Македонија пресечена од двете историски реки Вардар и Црна – и со чисто македонско население и Помаци – насилно потурчени пред 350 години.

Monday, January 25, 2016

ТАЈНИТЕ НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО



Слушнете ја вистината за мистериозното суштество што живее во водите на Тиквешкото Езеро. Приказната за Вишна и за нејзините плетенки. Пронајдете го својот мир во Полошкиот манастир до кој се стигнуава само со кајче. Пронајдете ги гнездата на белоглавиот орел. Талкачи во кајче на Тиквешко. Погледнете го видеото.

ПРИ ПРЕТРЕС НА ДОМ НА КАВАДАРЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН



Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.М. (28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Sunday, January 24, 2016

ВНИМАВАЈТЕ: ХРАНА КОЈА МОЖЕ ДА УБИЕ



Верувале или не, многу од плодовите кои ги консумираме секојдневно може да нѐ испратат во болница или во најлош случај да имаат последици опасни по нашиот живот. На пример, семките од јаболката содржат цијанид, кој може да предизвика повраќање и вознемиреност. Секако, само ако изедете многу, исходот може да биде фатален.

РАСПЕАНИ ГРАДОВИ: КАВАДАРЧАНИ 1973 ГОДИНА


Распеани Кавадарчани, Документарен видео материјал на МРТВ од 1973 година.

Saturday, January 23, 2016

ФЕНИ ИНДУСТРИ СО ИМПРЕСИВНА ИГРА ЈА ПОБЕДИ СТРУМИЦА

Кошаркарите на Фени индустри ја остварија осмата победа на крајот од првата фаза од Првата лига и тоа без многу проблемиво пресметката на домашен терен против Струмица (84-66). 


Во салата „Јасмин“ вечерва блескаа Карло Враговиќ и Кирил Николовски, кои одиграа универзален натпревар и беа најзаслужни залесниот триумф. Хрватот средбата ја заврши со 20 поени, седум скока и осум асистенции додека повремениот македонски репрезентативец оствари 15 поени и девет скока. Одлично одигра и Драган Тубак со 12 поени и 10 скока. Златко Гоцевски и Ефтим Богоев со по 20 поени беа најдобри кај струмичани.

ПРИТВОРЕН КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА КОГО ИМА 53 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ


На О.А., кој кривичните дела ги извршил од 27 август до 27 декември минатата година на подрачјето на општина Аеродром при што стекнал противправна имотна корист од околу 46.000 денари, му е изречена мерка притвор од осум дена.

НЕЗАМЕНЛИВО: ФИЌО СИ Е ФИЌО



Старото добро ФИЌО за кое нема препреки на патот. Проверено и докажано, погледнете го видеото.

ИЗМАМНИЦИ СО ЛАЖЕН ОСВЕТЕН КРСТ БАРААТ ПАРИ ОД КАВАДАРЧАНИ


Измамници со лажен осветен крст бараат пари од кавадарчани. Граѓани на Кавадарци реагираат дека неколкумина со крст им тропнале на врата барајќи им пари за осветениот крст кој за Водици бил фатен во водите на реката Луда Мара да им донесе здравје, среќа и бериќет.
 

Ова и покрај тоа што уште пред христијанскиот верски празник Богојавление Водици, свештените лица од Кавадарци предупредија дека годинава оние што ќе го фатат светиот крст нема со него да одат од врата до врата барајќи пари и ветувајќи среќа за возврат, туку кажаа дека крстот ќе биде во црквата а сите кои сакаат можат да отидат во верскиот храм и таму да запалат свеќа, да го бакнат крстот и да остават пари доколку сакаат.

ПЛАНИНАРОТ ОД КАВАДАРЦИ ИЛИЈА БЕЛЕВСKИ СЕ ИСKАЧИ НА KИЛИМАНЏАРО


Неколкумина Mакедонци, меѓу кои и кавадарчанецот Илија Белевски, се искачија на врвот Ухуру висок 5.895 метри надморска височина на планината Kилиманџаро, највисокиот врв во Африка и еден од седумте највисоки светски врвови. Акцијата траела 5 дена од патеката Марангу. Самото искачување од последниот камп на 4.270 метри надморска височина до врвот траело 8 часа.



- Беше многу студено, посебно кога тргнавме ноќта во 12 на полноќ кон врвот, иако во овој период нема екстремни температури. Овде врне дожд до 5.000 метри надморска височина, а нагоре снег, ама на врвот е суво. Додека одевме, постојано врнеше дожд и накиснавме нагоре, ете тоа може да се потенцира - ни раскажа Беловски додавајќи дека носачите и водичите-Африканци биле силни и издржливи луѓе.

Thursday, January 21, 2016

СУВИ СМОКВИ ЗА ТОПЕЊЕ НА МАСНОТИИТЕ


Доколку имате зголемено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи на многумина им помогнал.


Состојки: суви смокви и јаболков оцет.

ЗАНИМЛИВОСТИ: НЕВЕРОЈАТНА КОНЦЕНТРАЦИЈА (ВИДЕО)



Ова е единствената жена на светот која може ова да го направи. Погледнете го видеото, ќе ве воодушеви.

Wednesday, January 20, 2016

ВО КАВАДАРЦИ 99 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП



Во Центарот за јавно здравје од Кавадарци досега се регистрирани 99 лица заболени од сезонски грип. Како што информира денеска епидемиологот д-р Ристе Јовановски, бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман е двојно повеќе од истиот период минатата година, кога беа евидентирани 53 грипозни лица.

БЕЗ КОМЕНТАР: МАГАРЕ ВО ФИЌО (ВИДЕО)


Бегнишки јалнаш!!! Го пикнаа магарето у фиќо со се самар без око да му трепне...

Tuesday, January 19, 2016

НИКОЛА РИСТОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ТИКВЕШКО ЕЗЕРО


Деветнаесетгодишниот Никола Ристов од Кавадарци го фати осветениот крст фрлен во водите на Тиквешкото Езеро, во рамките на традицијата која секоја година ја организира кавадарчанецот Ангел Крстев Луле, по повод празникот Богојавление - Водици.

ЈОВАН ГОГОВ ПО ВТОР ПАТ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ВАТАША


Потопување на крстот со водосвет и осветување на водите, од страна на свештениците од Ваташа и црковниот одбор и Локалната самоуправа Кавадарци беше организирано и на езерото "Брана", на реката Луда Мара во Ваташа.



14-годишниот Јован Гогов од Ваташа го фати Светиот Крст во водите на браната Моклиште кај Ваташа, каде традиционално ваташани го слават Водици.

СТЕФАН ЃОРЃИЕВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО КАВАДАРЦИ



Седумнаесетгодишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци го фати светиот крст фрлен во водите на реката Луда Мара, по повод денешниот празник Богојавление-Водици.

Monday, January 18, 2016

ВО КАВАДАРЦИ И ВО РОСОМАН 151 ПОЖАР ВО 2015 ГОДИНА


Во Кавадарци и во Росоман во 2015 година се регистрирани 151 пожар, информираше денеска Илчо Богевски, командир на кавадаречката територијална противпожарна единица.

 

– Станува збор за 33 пожари на отворен или шумски простор, 105 пожари на затворено и 13 технички интервенции, главно при сообраќајни несреќи, појасни командирот Богевски.

Sunday, January 17, 2016

СТУДОТ НЕ ПОПУШТА: НЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ


Времето денес ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од минус девет до еден степен.
Стабилното и студено време ќе продолжи и утре, кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.

БЕЗ КОМЕНТАР: ЛОВЏИЈА (ВИДЕО)

 

Е воа ти се вика ловџија, кучињата си лаат а он си ја ране свињата, поголема да порасне за одгодина да а стругне, си знае он. 

ЛЕСЕН ТРЕНИНГ ЗА КАВАДАРЧАНИ: ФЕНИ И. БЕЗ МНОГУ ЗАМАРАЊЕ ГО СОВЛАДА БЕСТ

Кошаркарите на Фени индустри без поголеми проблеми и тоа како гости го совладаа Бест (86-82), последнопласираниот тим на табелата, во единствениот денешен меч од 13. коло од Првата лига.

 

Разликата во квалитет беше огромна во корист на тимот од Кавадарци, а на домаќинот не му помогна ниту промената на тренерот и доведувањето на четири нови кошаркари. Кавадарчани имаа плус 14 веќе по првата четвртина (26-12), што беше знак во кој правец ќе оди вечерашниот дуел. Фени дојде до позитива и од 19 поени (64-45), по што дојде до големо опуштање кај кошаркарите на овој тим,што беше искористено од гевгеличани, кои намалија на пристојни минус четири на крајот.

БЕЗ КОМЕНТАР: ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ


ФОТО ФУЏИ СО ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД ЦВЕТАНКА ГЛИГОРОВА (ОБНОВЕНО)

Кавадаречката пејачка Цветанка Глигорова освен својот глас, деновиве се почесто го презентира и нејзиниот стас.
Погледнете ги фотографиите објавени на фејсбук профилот на Фото Фуџи - Кавадарци, како дел од фотосесијата на Глигорова за Новогодишен календар за 2016 година.

СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 40 САНТИМЕТРИ ВО КАВАДАРЕЧКО


Од 25 до 40 сантиметри изнесува снежната покривка кон десетина села под планината Кожув кавадаречко, пренесе МИА.



Според Ристе Еленов, раководител на компанијата „Јами", која од кавадаречката локална самоуправа е задолжена за зимско одржување на патиштата во општината, работниците и механизацијата постојано работат на терен.

ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ ИМА ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ


Во Кавадарци ќе има две литии во чест на Богојавление Водици, информираат од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.


– Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара со што свештениците од МПЦ ќе го извршат светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци. Со овој чин се става крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици, се вели во соопштението.

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП