Wednesday, January 20, 2016

ВО КАВАДАРЦИ 99 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП



Во Центарот за јавно здравје од Кавадарци досега се регистрирани 99 лица заболени од сезонски грип. Како што информира денеска епидемиологот д-р Ристе Јовановски, бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман е двојно повеќе од истиот период минатата година, кога беа евидентирани 53 грипозни лица.

- Мораме да нагласиме дека сигурно има и такви кои иако заболеле од сезонски грип, немаат побарано лекарска помош па се лекуваат со витамини во домашни услови, а и такви кои можеби не се навремено пријавени во нашата служба. Можно е бројката на грипозни да се зголеми со стартот на учебната година, рече Јовановски.

Тој рече дека во досегашниот период оваа сезона, најчесто заболени од грип се лица на возраст од 15 до 64 години. Препорача превентивни мерки и избегнување на масовни собирања.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП