Кошаркарите на Фени индустри без поголеми проблеми и тоа како гости го совладаа Бест (86-82), последнопласираниот тим на табелата, во единствениот денешен меч од 13. коло од Првата лига.
Разликата во квалитет беше огромна во корист на тимот од Кавадарци, а на домаќинот не му помогна ниту промената на тренерот и доведувањето на четири нови кошаркари. Кавадарчани имаа плус 14 веќе по првата четвртина (26-12), што беше знак во кој правец ќе оди вечерашниот дуел. Фени дојде до позитива и од 19 поени (64-45), по што дојде до големо опуштање кај кошаркарите на овој тим,што беше искористено од гевгеличани, кои намалија на пристојни минус четири на крајот.
Хрватот Карло Враговиќ со 25 поени и шест асистенции и Кирил Николовски со 19 поени и 12 скока беа најдобри во победничкиот состав додека Тајрон Харис со 29 поени и Никола Гајдаџиев и Дејан Лазаревски со по 11 поени беа најдобри кај Бест.
Вчера, Куманово го совлада Работнички, а Кожув беше подобар од Струмица. Колото завршува во среда со дуелот на двете најдобри екипи досега во елитата, Карпош Соколи и МЗТ Скопје.
Извор: СПОРТМЕДИА.мк
0 comments:
Post a Comment