Tuesday, January 19, 2016

ЈОВАН ГОГОВ ПО ВТОР ПАТ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ВАТАША


Потопување на крстот со водосвет и осветување на водите, од страна на свештениците од Ваташа и црковниот одбор и Локалната самоуправа Кавадарци беше организирано и на езерото "Брана", на реката Луда Мара во Ваташа.



14-годишниот Јован Гогов од Ваташа го фати Светиот Крст во водите на браната Моклиште кај Ваташа, каде традиционално ваташани го слават Водици.

– Втор пат се обидов и повторно го фатив крстот, мило ми е што имав најмногу среќа, рече Гогов.


Вкупно седумина се обидоа први со пливање да стигнат до крстот а за сите нив градоначалникот на Кавадарци Александар Панов обезбеди бањарки.

Гогов доби телевизор од општината Кавадарци но и уметничка слика и столица за на компјутер од спонзори.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП