Tuesday, January 19, 2016

НИКОЛА РИСТОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ТИКВЕШКО ЕЗЕРО


Деветнаесетгодишниот Никола Ристов од Кавадарци го фати осветениот крст фрлен во водите на Тиквешкото Езеро, во рамките на традицијата која секоја година ја организира кавадарчанецот Ангел Крстев Луле, по повод празникот Богојавление - Водици.
- Остануваме верни на традицијата и секоја година го организираме настанот кој е посетен од домашни и странски гости, рече Крстев во изјава за медиумите.

По Светиот крст во студените води на езерото се фрлија четири лица. Најсреќниот доби микробранова печка од кумот на манифестацијата, кој се избира секоја година.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП