Tuesday, January 19, 2016

СТЕФАН ЃОРЃИЕВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО КАВАДАРЦИ



Седумнаесетгодишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци го фати светиот крст фрлен во водите на реката Луда Мара, по повод денешниот празник Богојавление-Водици.

– Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече Ѓорѓиев во изјава за медиумите.


Од името на Локалната самоуправа, денешниот празник на сите граѓани им го честита секретарот на општината, Кире Делов.

– Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе, нагласи Делов.

Во студените води на реката по крстот скокнаа девет лица. Најсреќниот доби телевизор од локалната самоуправа.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП