Monday, January 18, 2016

ВО КАВАДАРЦИ И ВО РОСОМАН 151 ПОЖАР ВО 2015 ГОДИНА


Во Кавадарци и во Росоман во 2015 година се регистрирани 151 пожар, информираше денеска Илчо Богевски, командир на кавадаречката територијална противпожарна единица.

 

– Станува збор за 33 пожари на отворен или шумски простор, 105 пожари на затворено и 13 технички интервенции, главно при сообраќајни несреќи, појасни командирот Богевски.

Според него, се бележи тренд на намалување на пожарите на отворено, поради временските услови кои не им одат во прилог, но и поради превентивните мерки како ограниченото движење во шума во одреден период од годината.

– Истовремено, се зголемува бројот на пожари во градот. Причина за такво нешто се застарените инсталации кај постари објекти и неисчистени и неправилно изведени оџаци во такви објекти, нагласи Богевски.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП