Sunday, January 31, 2016

ФЕНИ ИНДУСТРИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ КОЖУВ (78-56)


Фени Индустри ја запиша првата победа во втората етапа од домашното првенство во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи пред своите навивачи против Кожув од 78-54 (14-16,21-16,23-9,20-15).


На стартот од вториот дел во шампионатот, кавадарчани до триумфот стигнаа благодарение на одличната трета четвртина која беше одлучувачка околу конечната победа.
Претходно, првото полувреме течеше низ главно израмнета игра на двете страни. Кожув подобро го почна натпреварот создавајќи предност, но домашните успеаја да ја анулираат до полувремето. 

Третата четвртина кошаркарите на Фени ја добија во своја полза со 23-9, што беше пресудно на крајот за триумф.

Во последниот период од играта само рутински ја одржуваа предноста, и дополнително зголемувајќи ја за финални 78-56.

Најдобар поединец во домашната екипа беше Враговиќ со 28 постигнати поени, дополнети и со осум асистенции, додека Петровски постигна 20 поени. Стајиќ на крајот заврши со 12 постигнати поени. Во поразениот тим Нешовиќ постигна 16 поени.

По оваа победа Фени Индустри се зацврсти на четвртата позиција со девет победи, наспроти шест порази, додека Кожув го запиша и осмиот пораз во актуелнава сезона.

Извор: ekipa.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП