Sunday, January 31, 2016

ШАМПИОН МЕЃУ КУЛТУРНИТЕ ДОМОВИ - СЕКОЈ ДЕН КУЛТУРА!



Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци го доби признанието за најактивен културен дом во изминатата 2015 година од страна на Здружението на домови и центри за култура на Македонија, информираше денеска директорот на кавадаречката културна институција, Владимир Темков.

- Минатата година органзиравме вкупно 180 културни настани. Станува збор за настани од музичко сценска, ликовна, издавачка и театарска дејност. Практично, може да се каже дека секој втор ден од една седмица, имавме културни збиднувања, рече Темков, изразувајќи благодарност до вработените од оваа културна установа, но и до уметниците кои ги збогатија културните содржини во текот на целата година.

Тој нагласи дека сите културни настани беа поддржани од градоначалникот на Кавадарци и Советот на општината.

- Ова е уште еден доказ за успешната работа на Домот на културата во Кавадарци, кој во 2010 беше град на културата во Македонија. Истовремено, ова е уште еден поттик повеќе, за негување на високите стандарди за организирање на културни настани кои ги воспоставивме, додаде Темков.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП