Со свои очи сум гледал како автомобилот „Форд“ на Трајче Грков е наттрчан од пајтонџиските коњи на Горчо Туриманџов.
Автомобилот „Форд“ на Трајче Грков од Кавадарци тргна порано за десетина минути, а пајтонот на Горчо Туриманџов подоцна, и беше стасан и надминат кај мостот на селото Марена. Пајтонот на Горчо во таа 1924 година беше прогласен како победник над бавната автомобилска техника.
Туриманџовиот пајтон на станицата „Свети Ѓорѓи“ стаса за трисесет минути, додека автомобилот на Трајче Грков за четириесет минути. Пајтонот предвреме го фати возот, а автомобилот едвај во последната минута.
Сега автомобилите се бавни, ама после половина, или цело столетие тие ќе ја зголемат брзината за педесет или стопати...
Раскажува Диме Каровски
Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања“ Кавадарци 1900-1945, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010.
Раскажува Диме Каровски
Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања“ Кавадарци 1900-1945, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010.
0 comments:
Post a Comment