Saturday, January 23, 2016

ИЗМАМНИЦИ СО ЛАЖЕН ОСВЕТЕН КРСТ БАРААТ ПАРИ ОД КАВАДАРЧАНИ


Измамници со лажен осветен крст бараат пари од кавадарчани. Граѓани на Кавадарци реагираат дека неколкумина со крст им тропнале на врата барајќи им пари за осветениот крст кој за Водици бил фатен во водите на реката Луда Мара да им донесе здравје, среќа и бериќет.
 

Ова и покрај тоа што уште пред христијанскиот верски празник Богојавление Водици, свештените лица од Кавадарци предупредија дека годинава оние што ќе го фатат светиот крст нема со него да одат од врата до врата барајќи пари и ветувајќи среќа за возврат, туку кажаа дека крстот ќе биде во црквата а сите кои сакаат можат да отидат во верскиот храм и таму да запалат свеќа, да го бакнат крстот и да остават пари доколку сакаат.

Ова не е прв пат да се случува во Кавадарци, во последните неколку години иако од црквата предупредуваат дека крстот нема да биде носен по домовите како порано, повторно и повторно се случува измамници да го лажат народот токму на ваков начин.

Верските луѓе од Кавадарци од нас слушнаа дека измамници изнудуваат пари од кавадарчани.

- Не сме запознати со такво нешто. Најверојатно некој самоволно одлучил да пристапи кон такво нешто. Момчето кое го фати осветениот крст во Кавадарци е информирано за одлуката на црквата. Осветениот крст е во црквата Свети Димитрија така да оние кои носат наводно осветен крст пред граѓаните сигурно носат нивен крст неосветен. Сето тоа најверојатно го прават за да дојдат до дополнителни материјални средства во џебовите на, според нив лесен начин - изјави за „Дневник“ отец Киро Ристов, архиерејски намесник во Кавадарци.

Тој упати апел до кавадарчани да не ги примаат ваквите измамници и да не им веруваат на зборовите, да не им даваат пари бидејќи тие во никој случај не можат да го носат осветениот крст со себе.

- Само тоа можеме да го сториме, друго не можеме. Ако измамниците не престанат со измамата, нека ги пријават во полиција - дециден беше Ристов.

Пишува: Светлана Дарудова
Извор: ДНЕВНИК

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП