Кошаркарите на Фени индустри ја остварија осмата победа на крајот од првата фаза од Првата лига и тоа без многу проблемиво пресметката на домашен терен против Струмица (84-66).
Во салата „Јасмин“ вечерва блескаа Карло Враговиќ и Кирил Николовски, кои одиграа универзален натпревар и беа најзаслужни залесниот триумф. Хрватот средбата ја заврши со 20 поени, седум скока и осум асистенции додека повремениот македонски репрезентативец оствари 15 поени и девет скока. Одлично одигра и Драган Тубак со 12 поени и 10 скока. Златко Гоцевски и Ефтим Богоев со по 20 поени беа најдобри кај струмичани.
Ова беше прв меч од 14. коло во рамки на кое подоцна вечерва играат Кожув и Куманово. Во вторник е дербито помеѓу Работнички и Карпош Соколи, а в среда шампионот МЗТ Скопје ќе има полесен тренинг против последнопласираниот Бест.
0 comments:
Post a Comment