Специјалистот епидемиолог Ристе Јовановски додаде дека вкупниот број заболени од грип оваа сезона се искачил на 140 или повеќе од двојно од минатата сезона, кога во овој период од годината во Кавадарци и Росоман се евидентирани 62 лица со ова заболување.
Според Јовановски и понатаму најмногу на удар на грипот е популацијата на возраст од 15 до 64 години.
– Имајќи го предвид искуството, очекуваме бројот на заболени од сезонски грип да се зголемува сега со стартот на второто полугодие од учебната година. Препорачуваме да се почитуваат превентивните мерки и избегнување на масовни собирања – рече Јовановски.
0 comments:
Post a Comment