• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Saturday, May 28, 2016

ОПАСНА ДРОГА ГИ УНИШТУВА МЛАДИТЕ ВО НЕГОТИНО?!


Зачестуваат млади со чудни симптоми кои побарале медицинска помош во последните два три месеци во Службата за итна медицинска помош во Неготино. Дека станува збор за сомнителни симптоматологии, за „Дневник“ потврдува доктор Ратко Грков, началник на Брза помош.



– Ни зачестија случаевите кога млади доаѓаат по помош со бледа кожа, силно срцебиење и крвен притисок над 200, болки во стомакот, грчеви во мускулите и стегање во градите. Едни свесни и видно вознемирени, други во бесвесна состојба, носени од блиски. Одеднаш добиваат тахикардии, пулс или фреквенција на срце од 200 – вели докторот.

Грков нагласува дека симптомите се чудни и поради фактот што пациентите кои ги имаат не кажуваат точна анамнеза. Станувало збор за млади од 15 до 40 години, почесто од машкиот пол, иако имало и припаднички од понежниот пол. На прашање до докторот колку се блиску до вистината шпекулациите дека во неготинско наводно се појавила некоја нова дрога која разорувачки делувала врз организмите на тие што ја уживале.

– Кај сите овие лица нема видливи траги дека земале некоја супстанца. Сепак препорачуваме до родителите и наставниците, како и блиските, да обрнат повеќе внимание на своите деца, ученици, блиски, особено ако имаат сомнително однесување-категоричен е Грков.

Извор: zase.mk

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ КАВАДАРЦИ: МАЖ ПРОНАЈДЕН ОБЕСЕН ВО СВОЈОТ ДОМ



Четириесет и две годишен кавадарчанец бил пронајден обесен утринава во неговиот дом во Кавадарци и за тоа била известена полициската станица од општа надлежност во овој град, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Увидна екипа е на лице место и засега не можат да се кажат повеќе детали за случајот, рече Стојковска.

Thursday, May 26, 2016

НАПАДНАТА И ОГРАБЕНА СТАРИЦА ВО КАВАДАРЦИ


Во Кавадарци на крстосницата од ул. „Максим Горки“ и „Партизанска“, две непознати лица вчера извршиле разбојништво над И.М. (73) од Кавадарци.



Додека истата седела на бетонски ѕид од ограда, сторителите и се доближиле од позади, ја собориле на земја и насилно и одзеле златна обетка, по што побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Tuesday, May 24, 2016

ФОРМУЛА ЗА МНОЖЕЊЕ НА ГОЛЕМИ БРОЕВИ НА ПАМЕТ



Ако ја следите оваа формула на сликата ќе можете за секунди да множите големи двоцифрени броеви во главата.

Методот е исклучително прецизен. Потребно е малку тренинг за да се навикнете и може да ги вџашите луѓето околу вас. Пробајте и ќе се уверите!

Monday, May 23, 2016

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА: Разговор со Д-р Ангел Поп Ангелов - специјалист по семејна медицина (ВИДЕО)



Гостување во К1 Телевизија на Д-р Ангел Поп Ангелов - специјалист по семејна медицина, во емисијата "Утрински зрак", на тема АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА.

Погледнете ја целата емисија во која се говори за искористување на сопствените потенцијали, како и балансирање на енергетската структура за подобро и природно здравје.



ВЕЧНИ СЕЌАВАЊА: ЗА СЕКОЈ НЕИЗЛЕКУВАН ГЕРМАНСКИ ИЛИ БУГАРСКИ ВОЈНИК БИЛ УБИВАН ПО ЕДЕН ЖИТЕЛ НА РОЖДЕН



За секој ранет бугарски или германски војник, кој ќе умрел во некоја од куќите во кавадаречкото село Рожден, кое било своевидна воена болница за време на Првата светска војна, бугарската војска убивала по еден рожденец. Ова било уште една трагична судбина на Македонците од овој крај, освен тоа што биле мобилизирани на Македонскиот или Солунски фронт во различни војски и биле принудени да пукаат во свои родени браќа. За ова деновиве ни раскажуваше историчарот Петре Kамчевски од Kавадарци.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ >>>

Извор: ДНЕВНИК
Пишува: Светлана Дарудова

ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КАВАДАРЦИ ЗАГАДЕНА, ОФИЦЈАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СЕУШТЕ НЕМА!?!



Сведоци сме дека водата за пиење после дождовите во изминаиве денови е загадена и не е за пиење.

Офицјално соопштение до овој момент од надлежните сеуште нема, ниту предупредување од Центрот за јавно здравје, наспроти многубројните реакции од граѓаните.

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО МАРЕНА



Подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во кавадаречкото село Марена ќе се реконструира, најави денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

- Над два милиона денари ќе инвестираме во реконструкцијата, а ќе вложиме плус и во изградба на две улици во селото. Тоа ќе го реализираме оваа година, останува овој период да завршиме со тендерските постапки и кога е зголемен интензитетот на градба тоа да го реализираме, нагласи градоначалникот кој денеска во својот кабинет прими ученици од Марена.

Со ова всушност тој одговори на едно од многубројните прашања на учениците, кои се интересираа за работата на градоначалникот и на локалната самоуправа.

Посетата беше во рамките на наставата по предметот општество за петто одделение, во чии рамки се учи за општина и локална самоуправа.

Wednesday, May 18, 2016

ВЕЧНИ СЕЌАВАЊА: Фруса Чедимирова (1902 – 1943)


Тетка Фруса како што ја знаеја многумина, родена е во с. Возарци во 1902 год. Нема ден во нејзината куќа да нема некаков состанок на силите на македонскиот отпор против бугарската окупација уште по окупацијата – 1941 год.



Таа не присуствува на состаноците, но затоа пред портата будно внимава да не се открие илегалната активност. Чиновничката плата на нејзиниот маж е доволна за прехрана на три члената фамилија. Во движењето е активен собирач на материјали и помош за народноослободителната војска.

Сепак разгневени заради се поголемиот отпор и одзив на Тиквешијата во редовите на силите на отпорот, Бугарите превземаат масовни акции на разбивање на илегалната мрежа.

Јуни 1943 год., Фруса е фатена од бугарската полиција и неколку дена најтешко измачувана за да извлечат признание за илегалната мрежа. Бугарите не ја постигнуваат целта – Фруса Чедомирова не изустува ниту збор па ја носат во реонот на Неготино каде продолжуваатс о измачувањата. Фруса пак е нема а нејзиното молчење толку ги разгневува Бугарите, што ја фрлаат во реката Вардар. Откога излегува на другиот крај истоштената речиси во бесвест од тепања жена пак ја фаќаат и уште пожестоко ја тепаат за да на крајот подоцна и ја ликвидираат како уште едан од жртвите извшени тој ден за пример на непокорната Тиквешија.


Thursday, May 12, 2016

КАРЛО ВРАГОВИЌ СЕ ОДЛУЧИ ДА ГО НАПУШТИ КЛУБОТ ОД КАВАДАРЦИ



Најдобриот кошаркар на Фени Индустри во тековната сезона и сигурно еден од најдобрите во домашниот шампионат, Карло Враговиќ се одлучи да го напушти клубот од Кавадарци.

На хрватскиот интернационалец, откако Фени Индустри ја заврши сезоната со елиминацијата во полуфиналето од МЗТ Скопје, му завршија обврските, па сега тој е слободен кошаркар. Како што дознаваме, силен интерес за неговите услуги има токму актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје, кој сепак ќе има тешка задача да го доведе во своите редови.

Враговиќ по одлично одиграната сезона, на своја адреса има бројни понуди, од најразлични држави како Италија, Шпанија и Полска. Одлуката каде ќе ја продолжи својата кариера, се очекува кошаркарот да ја донесе многу наскоро. Доколку се одлучи да ја прифати понудата од МЗТ Скопје, тогаш салата, СЦ „Јане Сандански“ во која го одигра последниот натпревар за Фени Индустри, од идната сезона ќе биде неговиот дом.

Извор: www.gol.mk

МИСТЕРИОЗНА СМРТ: Се уште не се знае од што почина момчето во Неготино


Смртта на 18-годишното момче од Неготино останува мистерија. Неговото тело беше предадено на обдукција, но сè уште нема првични резултати за причините за смртта.

Од Основното јавно обвинителство - Велес соопштија дека е издадена наредба за обдукција на телото, но дека сè уште нема првични резултати. Оттаму не можеа да прецизираат кога ќе бидат познати причините за смртта на момчето.

Како што беше објавено, деновиве во раните утрински часови во полиција било пријавено дека во куќа во Неготино било пронајдено момче во бессознание. Веднаш била повикана Итната медицинска помош, која констатирала смрт.

- Увид на самото место изврши увидна екипа од неготинската полиција, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција - информираа вчера од СВР-Велес.

Оттаму информираа дека нема нови информации во врска со немилиот настан.

БЕЗ ВОДА ВО ПЕТОК ЖИТЕЛИТЕ ОД ПОВИСОКИТЕ ДЕЛОВИ НА КАВАДАРЦИ



Поради дефект на регионалниот водовод Лукар од кој неколку општини од Тиквешијата добиваат вода за пиење која се носи педесетина километри од под планината Кожуф, утре 12 часа без вода ќе останат жителите од повисоките делови на градот Кавадарци.

- Поради отстранување на дефектот, без вода за пиење ќе останат жителите од повисоките делови на градот и тоа во временскиот период од 12 до 24 часот. Во истиот временски интервал, во пониските делови на Кавадарци водоснабдувањето ќе биде со помал притисок, информираа денеска од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.

Оттаму побараа разбирање од страна на граѓаните, кои ќе се соочат со немањето на вода за пиење, или намален притисок на вода во чешмите.

Wednesday, May 11, 2016

КАВАДАРЦИ ДОМАЌИН НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2017



Претседателот на МКФ Петар Наумоски и градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов потпишаа договор за ко-организација на претстојните квалификациски натпревари на нашата најдобра репрезентација за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Салата „Јасмин“ во Кавадарци летово ќе биде домаќин на трите натпревари против Луксембург, Велика Британија и Унгарија во рамките на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

Првиот натпревар се игра 31 август против Луксембург, на 7 септември ќе бидеме домаќини на селекцијата на Унгарија, а на 14 септеври во Кавадарци ќе гостува репрезентацијата на Велика Британија.

СОЧНО "НАПАЛЕНО" СЕЛФИ НА АЛЕКСАНДРА МИХОВА

На фотографијата која се најде на соцјалните мрежи, очигледно е дека Александра Михова и нејзиното момче малку повеќе биле понесени од љубовта. Михова прави селфи, а момчето одзади ја грабнало за гради!



ТУЖБА ПРОТИВ БОЛНИЧАР ОД КАВАДАРЦИ - ПАЦИЕНТОТ ВО ЛОША СОСТОЈБА



Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.Е. (55) од Кавадарци, болничар во Јавната здраствен установа во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно лекување на болни“.

ОКОЛУ ОСУМДЕСЕТ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД КАВАДАРЕЧКО ПРИЈАВИЛЕ ШТЕТИ ОД ПРОЛЕТНИТЕ НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ



Осумдесетина земјоделци од Кавадаречко пријавиле штети од пролетните ниски температури заклучно со денешниот ден.

Monday, May 9, 2016

БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ЗА РОМИТЕ ОД КАВАДАРЦИ



Бесплатна правна помош за Ромите од Кавадарци ќе обезбедува кавадаречкото Здружение „Тиквешки Роми“ од овој град, информираше денеска за МИА, претседателот Раим Сулејманов.

СООБРАЌАЈКА КАЈ ТУНЕЛОТ ПОСЛЕ ДРЕНОВСКАТА КЛИСУРА



Сообраќајна несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура.

Friday, May 6, 2016

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВОЈНИКОТ САШКО ГЕШОВСКИ



Денеска се навршуваат 25 години откако на 6 мај 1991 година, во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот кавадарчанец, војник во тогашната ЈНА, Сашко Гешовски, кој беше првата жртва што го означи распадот на Југославија.

И после 25 години, се уште не се знае вистинската причина за смртта. Под превезот „строго доверлива воена тајна“, ова убиство остана мистерија.

Wednesday, May 4, 2016

ЕДИНСОН КАВАНИ СЛИКАН НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО ЗА 1-ВИ МАЈ (ФОТО)



Уругвајската фудбалска ѕвезда освен во Велес, одморот за православен Велигден го поминал и во Кавадарци.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАРКОЗАВИСНИЧКА ОД КАВАДАРЦИ



Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против K.Б.(27) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело овозможување на употреба наркотични дроги.

ИЗЛОЖБА НА ГОРДАНА ВИНЧИЌ, “ИНТУИТИВНА ИСПОВЕД“



Во четврток, на 5 мај 2016, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на Гордана Винчиќ, родена во Македонија, а живее и работи во Шведска, под наслов “Интуитивна исповед“ ("Intuitive Confession").

КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ



Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ




Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во изминатите денови.

Tuesday, May 3, 2016

ФЕНИ ИНДУСТРИ СЕ ПЛАСИРА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО



Фени Индустри се пласираа во полуфиналето од плејофот на кошаркарскиот шампионат на Македонија. Кавадаречката екипа вечерва пред својата публика во салата „Јасмин’’ го совлада Кожув со 82:69 и со 3-1 во победи обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи.

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП