Гордана Винчиќ е родена во Скопје, а живее и твори во Малме, Шведска. Во 1998 година завршува студии за социјална работа и политика при универзитет Лунд. По дипломирањето почнува да се занимава со психологија, а исто така се здобива и со 15-годишно лидерско искуство во повеќе области. Големо влијание врз творештвото на Гордана има нејзината мајка која како ликовен уметник и историчар на уметноста, уште од мали нозе и ги всадила корените и тајните на сликарството.
Удел во слободоумното сликарство на Винчиќ има и нејзиниот татко кој е носител на Медал за храброст, Орден за труд и Јубилеен медал за заштита на спомениците на културата во тогашна СФРЈ. Делата на Гордана самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори.
0 comments:
Post a Comment