Смртта на 18-годишното момче од Неготино останува мистерија. Неговото тело беше предадено на обдукција, но сè уште нема првични резултати за причините за смртта.
Од Основното јавно обвинителство - Велес соопштија дека е издадена наредба за обдукција на телото, но дека сè уште нема првични резултати. Оттаму не можеа да прецизираат кога ќе бидат познати причините за смртта на момчето.
Како што беше објавено, деновиве во раните утрински часови во полиција било пријавено дека во куќа во Неготино било пронајдено момче во бессознание. Веднаш била повикана Итната медицинска помош, која констатирала смрт.
- Увид на самото место изврши увидна екипа од неготинската полиција, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција - информираа вчера од СВР-Велес.
Оттаму информираа дека нема нови информации во врска со немилиот настан.
0 comments:
Post a Comment