Подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во кавадаречкото село Марена ќе се реконструира, најави денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
- Над два милиона денари ќе инвестираме во реконструкцијата, а ќе вложиме плус и во изградба на две улици во селото. Тоа ќе го реализираме оваа година, останува овој период да завршиме со тендерските постапки и кога е зголемен интензитетот на градба тоа да го реализираме, нагласи градоначалникот кој денеска во својот кабинет прими ученици од Марена.
Со ова всушност тој одговори на едно од многубројните прашања на учениците, кои се интересираа за работата на градоначалникот и на локалната самоуправа.
Посетата беше во рамките на наставата по предметот општество за петто одделение, во чии рамки се учи за општина и локална самоуправа.
0 comments:
Post a Comment