Wednesday, May 4, 2016

ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ




Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во изминатите денови.

Од општината информираат дека се работи за штети настанати во периодот од 26 до 28 април годинава.

- Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од тренсакциска сметка и имотен лист како доказ за сопственост на имотот, соопштија од општината.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот започнувајќи од денеска, заклучно со наредната среда, во просториите на општински центар за услуги во Општина Кавадарци.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП