Фени Индустри се пласираа во полуфиналето од плејофот на кошаркарскиот шампионат на Македонија. Кавадаречката екипа вечерва пред својата публика во салата „Јасмин’’ го совлада Кожув со 82:69 и со 3-1 во победи обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи.
По израмнетото прво полувреме кое заврши со поен предност за Фени И. со 39:38, домаќините во третиот териод одиграа многу поквалитетно и го добија истиот со 21:7. Тоа беше клучниот период од овој меч во кој Карло Враговиќ со 27 постигнати поени беше најзаслужен за оваа победа на кавадаречката екипа, во која Кирил Николовски придонесе со 14 поени.
Во полуфиналето Фени Индустри за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Во полуфиналето Фени Индустри за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
0 comments:
Post a Comment