• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Thursday, July 30, 2015

МУЗИЧКИ ВИДЕО КЛИП: МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША


Погледнете го музичкиот видео клип во инструментална верзија, на песната МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША.

ОНА КАА САКА И У ФИЌО ВЛЕВА


КАВАДАРЦИ НАЈТОПОЛ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА

Ова се моменталните температури измерени во 15 часот. Кавадарци е најтопол град со 39 степени Целзиусови, а Скопје се пржи на 38 степени.



Wednesday, July 29, 2015

(ВИДЕО) ЛОТО СКАНДАЛ И ВО МАКЕДОНИЈА!?

Откако во Србија изби скандалот за наместеното лото, на социјалните мрежи се појави снимка од извлекувањето на македонското лото.

Дали Маријана е видовита или пак станува збор за случајност, погледнете и сами заклучете.


ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ “ГЛАВНА ФАЦА” НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015

Хрватскиот кантавтор Оливер Драгоевиќ, македонската рок атракција „Ареа“, идолот Христијан Тодоровски, српскиот бенд „Зарѓали Ексер“, кавадаречката поп дива Наташа Малинкова и U2 Tribute Band се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на годинашното издание на традиционалната стопанско-културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Според информациите од организаторот, настапот на далматинската легенда Оливер Драгоевиќ е предвиден за во сабота, 29 август, веднаш по завршувањето на карневалското дефиле кое ќе започне во 20 часот од кружниот тек во Кавадарци. За во петок се предвидени концертите на Христијан Тодоровски, „Ареа“ и „Зарѓали Ексер“, додека во недела публиката ќе ја забавуваат U2 Tribute Band и Наташа Малинкова.

Музичкиот лајнап ќе се комплетира до крајот на месецот, а според информациите се очекува најмалку уште едно големо македонско или име од екс ју земјите да го потврди својот настап на годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер кој ќе се одржи од 28 до 30 август.

БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ ЗА 19 ДЕЦА ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО МИХАЈЛОВО

19 деца од основните училишта во Кавадарци кои имаат одличен успех, а доаѓаат од социјално загрозени семејства, од утре бесплатно ќе летуваат во одморалиштето Михајлово

Општина Кавадарци преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на Кавадарци, во рамките на своите програмски активности по четврти пат ќе го реализира проектот ,,Летен камп Михајлово“.

Проектот опфаќа деца кои покажуваат добар успех во учењето, но доаѓаат од социјално загрозени семејства, кои немаат можност да ги пратат на летен одмори или во кампови. Од тие причини Општината во соработка со бизнис заедницата сака да ги награди овие ученици со седум дневен престој во оморалиштето Михајлово.

„Изборот на децата кои ги исполнуваат критериумите го извршиа стручните служби во училиштата преку педагозите и психолозите. Таа напомнува дека „Целта на Советот за превенција со реализирањето на овој камп е да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности и, да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех, со што се надеваме дека и кај другите деца и ученици ќе поттикнеме да го следат нивниот пат“, рече Костадинка Лалкова секретар на Советотот за Превенција од малолетничко престапништво.

Покрај општината, организацијата на „Летниот камп Михајлово 2015“ година финансиски ја потпомогнаа уште седум кавадаречки фирми и поединци.

Превземено од http://duma.mk/

Friday, July 10, 2015

ЧУДО ОД ЧОВЕК: ЦЕЛО ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО СОБРАНО ВО ЕДНО


Овој човек е навистина талентиран. Ова видео на Јутјуб има над 2 милиони прегледи, еве зошто.


РИСТО КРСТЕВ - ПРЧОТ: Е ЗАТОА ГРОЗДОБЕРОТ ВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ У АВГУСТ, СЕА ЈАСНО ЛИ ВИ Е

Колку шо разбраме од телевизорот имало две битни причини зошто ваа година за прв пат ќе ни го поместеле Гроздоберот у август. Првата била тоа шо Гроздоберот стално ни се потрефуел со 8-ми септемри и никој од "врвот" неможел да ни дојде на гроздобер, оти тогаш сите држеле говори у Скопјето. И втората битна причина била таа шо со години уназад Општината го канела Оливер Драгоевиќ да дојде на гроздобер и да пее, ама он у септември никако неможел оти традиција му било од 1-ви септември секоа година одел на пецање. И сеа ни да не му а ебиме традицијата на Оливерчо, нашата Општина со мнозинство на гласови на чело со градоначалникот усвоила, ни да си а ебиме нашата традиција. Е ај честито нека ни е.

Thursday, July 9, 2015

ФИНСКО СЕКИРЧЕ: СО МЕРАК ДА ЦЕПИШ ДРВА


Финско секрче за цепење дрва, Погледнете го видеото


ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОТ КОГА СЕ РОДИ ДОБРИОТ ЧОВЕК“

В петок, на 10 јули во Градскиот парк во Кавадарци, на платото/ширинката пред Винската куќа, ќе се одржи четвртото издание на Меморијалната манифестација „Денот кога се роди добриот човек“. Почетокот е закажан за 21.30 часот.

„Денот кога се роди добриот човек“ е манифестација посветена на еден од култните кавадаречки градски ликови, соработник на најдобрите кавадаречки ликовни уметници (Ристо Соколов, Кирил Мукаетов и др.), на рок музичарите, поетите од Кавадарци – Дејан Костов Лиса. Дете на поубавата страна на кавадаречката урбана приказна. Неговите долгогодишни соработници и пријатели, денес собрани во Здружението за алтернативна култура „Алтер – Центар“ од Кавадарци, се јавуваат како организатори на оваа манифестација.

Секоја година, оваа манифестација посветена на Дејан Костов Лиса, со своето постоење и одржување, носи нови нешта на кавадаречката културна и уметничка сцена. Освојува нови простори и локалитети во градот и околината за културно и уметничко претставување, претставува млади креативци од сите области (ликовна уметност, литература, рок музика, фотографија и сл.) и ненаметливо се етаблира на кавадаречката алтернативна и вонинституционална сцена како настан број еден, особено што наоѓа на интерес и соработка кај моментално најдобрите кавадаречки академски ликовњаци, музичари, поети и академски актери.

Годинава „Денот кога се роди добриот човек“ ќе донесе целовечерен акустичен рок концерт во кој како носители на свирката ќе се најдат кавадаречките урбани трубадури Илија Митрев Пикси и Перо Ангелов Фиш, во поетскиот дел ќе биде промовирана нова урбана поезија од познати кавадаречки имиња со тоа што овде свое место ќе има и кавадаречката слем сцена, а во ликовниот дел ќе бидат промовирани четворица млади ликовни креативци, преку изложба на самото место на настанот на која ќе бидат изложени нивни дела. Во име на организацијата тука се познатите градски ликови (во организација на музичкиот дел) Ѓоко Колев Бејбис и Борис Кујумџиев, свој дел ќе има и академскиот актер Александар Малинков, за поетскиот дел одговорноста ја има поетот и блогерот Марјан Тодоровски, а за ликовниот дел ќе се погрижи младиот академски ликовен уметник Трајче Јованов, во координација со ликовниот уметник Билјана Соколова.
Превземено од http://republika.mk/

Wednesday, July 8, 2015

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ТОНИ СТАНОЕВ - ТРИКРАТНИОТ УБИЕЦ ОД КАВАДАРЦИ

Денеска во Основниот суд Велес започна судењето против Тони Станоев (41), обвинет за тројното убиство што се случи на 9 ноември минатата година во Кавадарци.


Според обвинителството, Станоев тоа го сторил со умисла. Тој од живот ги лиши таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче – Илија (61), Билјана (56) и Снежана (33) Леови.

„И додека семејството Леови се подготвувало за неделен ручек, дошол обвинетиот и денот го претворил во пекол. Со умисла ги убил трите лица, пукајќи од пиштол, оставајќи зад себе грозоморна слика“, рече обвинителката Славица Темелковски.

По нејзиното воведно излагање, пред Судскиот совет застана обвинетиот Тони Станоев, кој го призна убиството и рече дека се кае. Тој ги прифати квалификациите и начинот како го извршил делото, опишани во обвинителниот акт. Тврдеше дека никогаш немал намера да стори такво нешто, иако, како што рече, сакал да ги отргне децата од роднините на сопругата.



Наведе дека наводно имале нарушените семејни односи, но и тоа дека бил бранител од 2001-та и имал пост-воен стрес, за што се лекувал. И сега, како што рече, додека е во притвор бил постојано под седативи.

На денешното рочиште сведочеше и неговата сега веќе поранешна сопруга Данче.

„Тоа не беше живот, беше мака и пекол. Бевме физички и психички малтертирани и јас и децата. Иако и двајцата бевме вработени, често се случуваше децата да немаат ручек, тој многу бргу ги трошеше нашите заеднички пари. Пред четири години со пиштол им се закануваше на моите родители. Секојдневно им праќаше по 200 пораки и 300 повици, дека ќе ги убие и дека само кучето ќе го остави. Критичното попладне во 15.55 влегов во куќата на татко ми. Ми беше чудно што вратата е отворена, а беше 9 ноември. Кога влегов видов локва крв, потоа ја најдов мајка ми мртва, ја слушнав сестра ми во кујната како бара помош. Избезумена не можев ни помош да барам. Откако дојде Брза помош, ја однесоа во болница, таму Снежана почина, а полицаецот ми кажа дека го нашле и татко ми мртов, убиен“ рече таа, видно потресена и низ солзи.

Судењето продолжува на 15 јули, со сослушување на вештаците.

Monday, July 6, 2015

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЛЕБЕД ОД ЈАБОЛКО (ВИДЕО)

Од ова видео можете да научите како да направите лебед од едно јаболко. Се што ќе ви биде потребно е нож и едно јаболко за да го направите овој интересен лебед. Погледнете го видеото, научете и пробајте! Не само што ќе ги импресионирате вашите пријатели, ќе се изненадите и самите.

ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА „Т’К ТАК ФЕСТ” НА 5 СЕПТЕМВРИ

Четвртото издание на единствениот македонски демофестивал „Т’к Так Фест” годинава ќе се одржи на 5 септември во Кавадарци.
„Причината за новиот датум на одржување на фестивалот кој ја продолжува мисијата на Трајко Каров за промоција на демо бендовите е поклопувањето со традиционалната туристичко-културно уметничка манифестација Тиквешкиот гроздобер 2015″,  соопштија од организациониот одбор на фестивалот.
Оттаму најавуваат дека наскоро ќе биде објавен и финалната програма за четвртиот „Т’к Так Фест”, каде покрај минатогодишните победници „Chromatic point“, ќе настапат повеќе интересни имиња од македонската рок сцена.
Во меѓувреме трае и  конкурсот  на кој за учество на фестивалот може да се пријават сите млади бендови од земјава. Бендовите ќе се натпреваруваат за наградата „Трајко Каров“ која се доделува за најдобар тапанар и ќе изнесува 30.000 денари. Во наградите е вклучено и снимање во професионалните студиа.
Заинтересираните треба да поднесат кратка биографија за бендот, линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал, а должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути, како и читлив текст на песните со кои се аплицира.Материјалите може да се испраќаат на e-mail адреса: tk_tak_fest@yahoo.com.

Sunday, July 5, 2015

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ЛОЗАРИ ИСТОК“ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА ЧИИ КУЌИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЦИ

Навивачката група „Лозари Исток“ со своето членство се вклучи во хуманитарната акција за помош на семејствата чии куќи изгореа во пожарот во Кавадарци.




Friday, July 3, 2015

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД СНИМАНЈЕТО НА ВИДЕО СПОТОТ ОД ПЕСНАТА "ЕДНО СИ ТИ" НА НАТАША МАЛИНКОВА

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД СНИМАНЈЕТО НА ВИДЕО СПОТОТ ОД ПЕСНАТА "ЕДНО СИ ТИ" НА НАТАША МАЛИНКОВА.










Thursday, July 2, 2015

КИРЕ НИКОЛОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО ФЕНИ ИНДУСТРИ

Кире Николовски ќе биде првото засилување за тимот на Фени индустри за следната натпреварувачка сезона откако крилниот центар ги договорил условите за камбек во таборот на кавадарчани. Николовски ги мина последните три сезони во дресот на МЗТ Скопје, каде дојде токму од Фени, но поради бројни проблеми со повредите не беше во можност да влезе во препознатлива форма.

Тој минатата сезона имаше минимална минутажа кај тренерите што продефилираа на клупата на „металците“, па не беше никакво изненадување што токму Николовски веќе на самиот почеток од летово почна да си бара нов ангажман, по истекот на договорот со аеродромци.

Фени индустри планира одново да изгради квалитетен тим со кој ќе атакува на место во плејофот, а тренерот Малинков во Николовски гледа потенцијален лидер на екипата, доколку овој кошаркар успее да се врати во формата од пред неколку години. Скоро сите детали од трансферот се договорени и истиот ќе биде официјализиран во најскоро време, по што кавадарчани ќе се насочат кон засилување на останатите позиции од тимот.

ДРЖАВНИОТ АРХИВ СО ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ


По повод 70 години од победата на Антихитлеровската коалиција врз нацизмот, Државниот архив на Република Македонија денеска во Музеј галеријата во Кавадарци ја отвори изложбата „Обединети сме посилни”.

Изложбата ја промовираше д-р Филип Петровски, директор на архивот, кој информира дека е направен збир на над 200 добро илустрирани и интересни фотографии, документи, пропаганден материјал и плакати на околу 30 таблоа кои ги објавувале западните сили.

- Првпат ги собравме на едно место бидејќи досега не е правена таква изложба, рече Петровски и изрази надеж дека изложбата ќе им помогне на професорите по историја со историски час да го одбележат моментот на победата во иднина.

Тој најави дека наскоро ќе биде готова и изложба за првата светска војна, со што, подвлече, ќе ги комплетираат војните прикажувајќи ги низ различни фотографии и документи. Истовремено работиме и на бројни македонски теми, нагласи Петровски. /МИА

ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ЧИИ КУЌИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЦИ

Денеска опожарените куќи ги посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот Александар Панов и претседателот на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев, кои најавија помош за семејствата со цел што побрзо да се санираат штетите и да се вратат во своите домови.

„Набрзо очекуваме да се спроведат градежни активности со цел да се направат нови покриви на сите три куќи кои ќе бидат изградени со помош од бизнис заедницата и општината . Дополнително Минситерството за труд и социјална политика , аедно со Центарот за социјални работи ќе обезбеди еднократна парична помош од околу 6 илјади евра за сите домаќинства или 30.000 деанри по домаќинство, со цел да им помогнеме да си ги досредат објектите но и за првичните нивни потреби. Со помош ќе излезе и Црвениот крст, помош која се дели во вакви ситуации. “ изјави министерот Спасов и најави дека најкасно за десет дена семејствата ќе можат повторно да се вратат во своите домови.
Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани и бизнисмени да донираат за да ја помогнат реконструкцијата на оштетените домови.
„Бизнис заедницата на чело со Митко Јанчев претседател на Регионална стопанска комора прва притрча на помош. Во наредната недела со одлука на освет ќе биде оппределена парична помош од општината“ рече Панов.











ОКОЛУ 10 ИЛЈАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШИЈАТА АПЛИЦИРАА ЗА СУБВЕНЦИИ



– Околу 6.300 земјоделци од Кавадаречко и Росоманско аплицираа во нашите простории. Се работи за лозари, овоштари, градинари, пчелари и сточари. Во моментов тече обработката на податоци, информираше Зоран Шалев, раководител на службата во Кавадарци.

Од Неготинско и Демиркаписко документи за субвенции поднеле околу 3.550 земјоделци, информира Златко Пенков, раководител на подрачната единица во Неготино.

Инаку, во подрачните единици тече аплицирањето за земјоделците кои сакаат да користат субвенции при осигурување на земјоделските култури. Сите што ќе го осигураат својот род, државата ќе им плати 60 проценти од трошокот за осигурување.

КАКО ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ВО ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ

Можеби звучи неверојатно, вашиот мобилен телефон може да ви го спаси животот, или барем нервите, во некои ситуации, еве и како:

-КАКО БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ ПОВИКАЈТЕ ИТНА ПОМОШ, ПОЛИЦИЈА …

Единствен број за вонредни состојби кои од мобилниот телефон може да се повика било каде во светот е 112. Доколку се најдете надвор од сигналот на вашата мрежа, а во прашање е нешто итно, повикајте 112 и вашиот телефон ќе ја бара било која постоечка мрежа на местото каде се наоѓате.

Интересно е : 112 може да го бирате дури и кога тастатурата на вашиот телефон е заклучена! Пробајте и сами.

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ: ИЗГРАДБА НА ХЕЦ ТИКВЕШ




Погледнете го документарниот филм за изградбата на ХЕЦ Тиквеш. Филмот е во три дела и претставува значаен документарен запис.

РИСТО КРСТЕВ - ПРЧОТ: КАВДАРЧАНИ И СЕЛАНИ

Седам така не се спие некако воа ѓоамти лето чекаме оно есен дојди, сакате верујте сакате не ја на гумното туа оѓин си завали, да се потстоплам измрзна мамаму да а ебам, шо време ќе беше воа. Туку некаа е таа сеа какво е такво е, реши и ја од денеска нешто да поднапишуам, глеам сите нешто пишат се надмудруат кој од кој по паметен па си реку дај и ја бе оти да не. Се понавежба малку од синот воа лапктопот од Ѓерманија коа ми го прати, прво буквите ги уче едно 7-8 месеци ми требеше, подзаборавени ми беа. Ни коа не учеше порано даскалот неоти ни беше умот туа, а и воа сеа подруго е, не е такво пишуење и нуму да ми замерите ако не набодам некоа штракаталка од виа дугмињата на воа такстантурата.

А да се претставам инаку ја сум Ристо Крстев од Страгово, е сеа и Прч ме викаат. Е оти Прч у друга прилика ќе ви кажам макар шо не е ногу за муабет, а бе на млади години афера ми извадија , а не е така еве јавно ви се кнам дека не е, ама ме завари Ицо-Стапот и од влакно вртома напраи. Го испотепа тогаш ајле си доби ама сеа тоа муабет коа че тргне ои па сопри го ако моиш.
И така го отварам воа лапктопот и глеам бајѓи закачена ситуација ногу селандури слегнале долу у Кавадарци и ги загушиле граѓаните. Ох даа ебам и стопанка, тоа ли е маката. И тоа не лафат кавдарчани каа кавдарчани туку тиа кавдарчани у Скопје шо отишле и од таму маат лакардии како селанте му го затруле градот. Они сеа каа цивилизирани научиле по некој културен збор и пуфки продават демек а виделе цивилизацијата и се просвтлени, а ни вака у пепелта шо се буричкаме ништо не разбираме. И така ми текна на една жива вистина од порано мене шо ми се има десено и сеа ќе вија кажам, а може и а имате чуено. Се симна ја да испазаруам долу у Кавадарци и шетам по тоа чаршијата, пантол бара, штофен, да се подновам за таа година, и гледам од излог на излог и туку наеднаш еден се извештери од тоа излогот и МУУУУУУУУУ ми вика, фраер кавадаречки, туа околу мене гледам народ се собра се смеат... ако е, селандура ја они граѓани. Влегу ја у продавницата, голема одаја една, се позаврти го глеам фраерот уште на излогот стое и гледа на кај мене, гужва унатре а и другите у мене гледат и се смеат шо бара виа сеа туа. Ја се позаврти и на продавачката на повисок глас и викам за сите да ме чуат МОМЕ СЕНО ИМАТЕ ЛИ, а ваа па и она троа приглупа, а ваму паметна се тера ЧИЧЕ ДА НЕ А ЗГРЕШИ ПРОДАВНИЦАТА ТУА СЕНО НЕАМЕ...... АМИ НИА ВОЛОТ НА ИЗЛОГОТ СО ШО ГО РАНИТЕ МОРИ МОМЕ, и реку ја и си замина. Останаа посрамотени шо да ми кажат.

Пишуе: РИСТО КРСТЕВ - ПРЧОТ од Страгово

Wednesday, July 1, 2015

МАКЕДОНЕЦ ОД АВСТРАЛИЈА САКА ДА ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ НА ГРЦИЈА

Да им помогнеме на „нашите браќа“ што поскоро.

Кој рече Македонците не се дарежливи, еве се најде и еден Австралијански државјанин кој сака под итна постапка да го реши Грчкиот финансиски проблем , пишува порталот Фаланга.

Понудата еве јавно пуштена за Алекс Ципрас и има 48 часа Ципрас да му се обрати на Александар Џеповски да се договорат околу условите.

Чекот е тука да се испрати но условите се следните:
-Да се врати Егејот кај што му е местото.

-Стефан Ѓоргиевски да биде следниот градоначалник на Солун како голем Македонски војвода кој му е личен пријател на Џеповски.

Голема услуга и чест да им се направи на Јанко Бурек со Саше Политико да се бркаат до Солунско Поле дека стазата во Скопје е премала и ветува дека никој нема да го загадува Скопје или Солун дека нема во играта да се употребува спрејови.


Спонзорот Џеповски најавува еден чек и за Саше Политико каде Саше Политико ќе може да ја набави и онака потребната опрема и студиото од Скопје да го премести во Солун на самата Кула.

Џеповски има и други планови како да посредува со една позната авиокомпанија за да имаме редовна линија и тоа 5 пати дневно на релација Скопје – Солун и го чека една уште поголема работа а тоа е дали да се нафати да изгради аеродром во Битола (идејата е на еден кандидат на поранешните парламентарни избори) за да не се мачат и Битолчани да патуваат со автомобил до Солун и редно е да патуваат и тие авионски до аеродромот Македонија во Солун а Џеповски предвидува додека не се направи стадионот во Битола натпреварите да се играат во Лерин доколку Ципрас ги прифати овие услови се надеваме ова ќе биде од историски значење на сите нас посебно за Саше и Јанко.

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЦИ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Пожарот во Кавадарци проголта две куќи и еден помошен објект на улицата „Питу Гули“. За среќа нема настрадани граѓани во пожарот. Огнот се појави околу 13.15 часот откако според кажувања на граѓаните гром удрил во една од куќите. потоа огнот ја зафатил и соседната куќа и помошниот објект. Од овие запалени домови скоро еден час се издигаше густ чад над Кавадарци.

Двете запалени куќи се наоѓаат во густо населен дел на градот во непосредна близина на автобуската станица.

Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествуваа противпожарните единици од Кавадарци, од Неготино и од „Фени индустри’.

Инаку пожарот избувна откако Кавадарци денеска околу 13 часот беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици.

Сопствениците на настраданите куќи денеска ги посети и градоначаникот Александар Панов кој соопшти дека ќе предложи на првата наредна седница на Советот на општината да одобри финансиски средства.

НЕВРЕМЕ: УДРИ ГРОМ ВО КУЌА ВО КАВАДАРЦИ

Густ чад се крева меѓу улиците „Раштани“ и „Питу Гули“ во Кавадарци. Опожарена е куќа од удар на гром. Според неофицијланите информации пламените јазици се прошириле и на шест соседни куќи. Во моментот екипи на противпожарните единици од Кавадарци и Неготино интервенираат за локализирање.

Засега нема информации за повредени лица од пожарот.




ОБРАТНО ВНЕСЕН ПИН НА БАНКОМАТ МОЖЕ ДА ВЕ СПАСИ ОД КРАДЦИ

95% од луѓето не ги знаат овие информации , а можат, буквално да ви го спасат животот. Се однесуваат на предмети кои секојдневно ги користите, и состојбата во која може да се најдете, а да при тоа не знаете, како може да ви помогнат функциите на вашата банкова картичка, мобилен телефон, автомобил …


1. АКО НЕКОГАШ КРАДЕЦ ИЛИ НЕКОЈ ДРУГ ВЕ ПРИСЛИ ДА ПОДИГНЕТЕ ПАРИ НА БАНКОМАТ

Внесете го вашиот пин обратно.
Така ако вашиот пин е 1254, вие внесете 4521.

Банкоматот ќе ви ги даде парите, но тоа автоматски ќе препознае како повик за помош и ќе ја алармира полицијата, а тоа крадецот нема да го знае. Таа опција постои на сите банкомати, но многу луѓе тоа не го знаат.

Споделете ја таа информација со пријателите, би требало да ја знаат.

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП