Wednesday, July 29, 2015

ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ “ГЛАВНА ФАЦА” НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015

Хрватскиот кантавтор Оливер Драгоевиќ, македонската рок атракција „Ареа“, идолот Христијан Тодоровски, српскиот бенд „Зарѓали Ексер“, кавадаречката поп дива Наташа Малинкова и U2 Tribute Band се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на годинашното издание на традиционалната стопанско-културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Според информациите од организаторот, настапот на далматинската легенда Оливер Драгоевиќ е предвиден за во сабота, 29 август, веднаш по завршувањето на карневалското дефиле кое ќе започне во 20 часот од кружниот тек во Кавадарци. За во петок се предвидени концертите на Христијан Тодоровски, „Ареа“ и „Зарѓали Ексер“, додека во недела публиката ќе ја забавуваат U2 Tribute Band и Наташа Малинкова.

Музичкиот лајнап ќе се комплетира до крајот на месецот, а според информациите се очекува најмалку уште едно големо македонско или име од екс ју земјите да го потврди својот настап на годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер кој ќе се одржи од 28 до 30 август.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП