Пожарот во Кавадарци проголта две куќи и еден помошен објект на улицата „Питу Гули“. За среќа нема настрадани граѓани во пожарот. Огнот се појави околу 13.15 часот откако според кажувања на граѓаните гром удрил во една од куќите. потоа огнот ја зафатил и соседната куќа и помошниот објект. Од овие запалени домови скоро еден час се издигаше густ чад над Кавадарци.
Двете запалени куќи се наоѓаат во густо населен дел на градот во непосредна близина на автобуската станица.
Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествуваа противпожарните единици од Кавадарци, од Неготино и од „Фени индустри’.
Инаку пожарот избувна откако Кавадарци денеска околу 13 часот беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици.
Сопствениците на настраданите куќи денеска ги посети и градоначаникот Александар Панов кој соопшти дека ќе предложи на првата наредна седница на Советот на општината да одобри финансиски средства.
0 comments:
Post a Comment