Thursday, July 2, 2015

РИСТО КРСТЕВ - ПРЧОТ: КАВДАРЧАНИ И СЕЛАНИ

Седам така не се спие некако воа ѓоамти лето чекаме оно есен дојди, сакате верујте сакате не ја на гумното туа оѓин си завали, да се потстоплам измрзна мамаму да а ебам, шо време ќе беше воа. Туку некаа е таа сеа какво е такво е, реши и ја од денеска нешто да поднапишуам, глеам сите нешто пишат се надмудруат кој од кој по паметен па си реку дај и ја бе оти да не. Се понавежба малку од синот воа лапктопот од Ѓерманија коа ми го прати, прво буквите ги уче едно 7-8 месеци ми требеше, подзаборавени ми беа. Ни коа не учеше порано даскалот неоти ни беше умот туа, а и воа сеа подруго е, не е такво пишуење и нуму да ми замерите ако не набодам некоа штракаталка од виа дугмињата на воа такстантурата.

А да се претставам инаку ја сум Ристо Крстев од Страгово, е сеа и Прч ме викаат. Е оти Прч у друга прилика ќе ви кажам макар шо не е ногу за муабет, а бе на млади години афера ми извадија , а не е така еве јавно ви се кнам дека не е, ама ме завари Ицо-Стапот и од влакно вртома напраи. Го испотепа тогаш ајле си доби ама сеа тоа муабет коа че тргне ои па сопри го ако моиш.
И така го отварам воа лапктопот и глеам бајѓи закачена ситуација ногу селандури слегнале долу у Кавадарци и ги загушиле граѓаните. Ох даа ебам и стопанка, тоа ли е маката. И тоа не лафат кавдарчани каа кавдарчани туку тиа кавдарчани у Скопје шо отишле и од таму маат лакардии како селанте му го затруле градот. Они сеа каа цивилизирани научиле по некој културен збор и пуфки продават демек а виделе цивилизацијата и се просвтлени, а ни вака у пепелта шо се буричкаме ништо не разбираме. И така ми текна на една жива вистина од порано мене шо ми се има десено и сеа ќе вија кажам, а може и а имате чуено. Се симна ја да испазаруам долу у Кавадарци и шетам по тоа чаршијата, пантол бара, штофен, да се подновам за таа година, и гледам од излог на излог и туку наеднаш еден се извештери од тоа излогот и МУУУУУУУУУ ми вика, фраер кавадаречки, туа околу мене гледам народ се собра се смеат... ако е, селандура ја они граѓани. Влегу ја у продавницата, голема одаја една, се позаврти го глеам фраерот уште на излогот стое и гледа на кај мене, гужва унатре а и другите у мене гледат и се смеат шо бара виа сеа туа. Ја се позаврти и на продавачката на повисок глас и викам за сите да ме чуат МОМЕ СЕНО ИМАТЕ ЛИ, а ваа па и она троа приглупа, а ваму паметна се тера ЧИЧЕ ДА НЕ А ЗГРЕШИ ПРОДАВНИЦАТА ТУА СЕНО НЕАМЕ...... АМИ НИА ВОЛОТ НА ИЗЛОГОТ СО ШО ГО РАНИТЕ МОРИ МОМЕ, и реку ја и си замина. Останаа посрамотени шо да ми кажат.

Пишуе: РИСТО КРСТЕВ - ПРЧОТ од Страгово

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП