Изложбата ја промовираше д-р Филип Петровски, директор на архивот, кој информира дека е направен збир на над 200 добро илустрирани и интересни фотографии, документи, пропаганден материјал и плакати на околу 30 таблоа кои ги објавувале западните сили.
- Првпат ги собравме на едно место бидејќи досега не е правена таква изложба, рече Петровски и изрази надеж дека изложбата ќе им помогне на професорите по историја со историски час да го одбележат моментот на победата во иднина.
Тој најави дека наскоро ќе биде готова и изложба за првата светска војна, со што, подвлече, ќе ги комплетираат војните прикажувајќи ги низ различни фотографии и документи. Истовремено работиме и на бројни македонски теми, нагласи Петровски. /МИА
0 comments:
Post a Comment