Кире Николовски ќе биде првото засилување за тимот на Фени индустри за следната натпреварувачка сезона откако крилниот центар ги договорил условите за камбек во таборот на кавадарчани. Николовски ги мина последните три сезони во дресот на МЗТ Скопје, каде дојде токму од Фени, но поради бројни проблеми со повредите не беше во можност да влезе во препознатлива форма.
Тој минатата сезона имаше минимална минутажа кај тренерите што продефилираа на клупата на „металците“, па не беше никакво изненадување што токму Николовски веќе на самиот почеток од летово почна да си бара нов ангажман, по истекот на договорот со аеродромци.
Фени индустри планира одново да изгради квалитетен тим со кој ќе атакува на место во плејофот, а тренерот Малинков во Николовски гледа потенцијален лидер на екипата, доколку овој кошаркар успее да се врати во формата од пред неколку години. Скоро сите детали од трансферот се договорени и истиот ќе биде официјализиран во најскоро време, по што кавадарчани ќе се насочат кон засилување на останатите позиции од тимот.
0 comments:
Post a Comment