Во Центарот за јавно здравје во Кавадарци регистрирани се 150 грипозни лица во изминатата седмица, што значи дека има нагло зголемување на заболените со сезонски грип, чиј вкупен број сезонава изнесува 290 лица, информираше денеска доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.
Најбројни меѓу заболените се лицата на возраст од 15 до 64 години. Активноста на вирусот се зголемува и се очекува понатамошен раст на бројот на грипозни, нагласи докторот.
Според него, мора да се има предвид дека постојат и такви кои иако фатиле грип не посетиле лекар и се лекуваат во домашни услови, но и случаи кои постои можност да не се навреме регистрирани.
Во истиот период минатата година, во Центарот се регистрирани 93 случаи на лица со грип во Кавадарци.

0 comments:
Post a Comment