Велешката полиција поднесе кривична пријава ппротив Р.М. (63) од село Сирково управител на „НИП Проект" ДООЕЛ Кавадарци и правното лице „НИП Проект" ДООЕЛ Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело незаконска експлоатација на минерални суровини.
Од страна на полициски службеници утврдено е дека пријавените без да поседуваат концесија и одобрение за ископ на минерални суровини во месноста Виничани атар на с. Ногаевци, вршеле ископ на минерални суровини и истата ја продавале на фирмата „Јавор Транс“ бензинска пумпа Градско.
0 comments:
Post a Comment