Велешката полиција поднесе кривична пријава против З.Б. (46) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што информираа од полицијата на 13 ноември 2015 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во Кавадарци при што се пронајдени 307,58 грама марихуана како и 13,61 грам семе од растението канабис.
0 comments:
Post a Comment