Tuesday, February 2, 2016

УХОСТ ОД КАВАДАРЦИ ГО ПРОСЛАВИ ЈУБИЛЕЈНИОТ 10 РОДЕНДЕН


По 10 години во кои се етаблираа како водечка компанија на ИТ пазарот во Македонија, притоа создавајќи бренд на компанија која освен за квалитетот и добрата услуга посебно внимание посветува на општествената одговорност, компанијата УХОСТ од Кавадарци го прослави својот јубилеен 10 роденден.



Во прекрасна атмосфера со дел од своите клиенти одговорните лица од компанијата ги разменуваа досегашните искуства од меѓусебната соработка.

-Од формирањето па до денес може да се пофалиме со доста голем број на повеќегодишни задоволни, сериозни клиенти кои ни го довериле нивниот бизнис и не одбраа нас како домаќини на нивните сајтови и нивни ИТ партнери, вели Александра Илиева Атанасова управител на компанијата.

УХОСТ како компанија успешно функционира од 2006 година. Составена од тим на креативни и искусни млади лица, инспирирани од брзиот развој на ИТ сферата успеваат сите новитети да ги применат во своето работење.

Се издвојуваат од останатите со применувањето на последните технологии базирани на светски стандарди.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП